Седејќи на штица за едрење, уметникот Шон Јоро слика ѕидни слики додека јава на брановите поставувајќи ги неговите дела веднаш над морското ниво. На ѕидните слики се претставени портрети на жени со супер реалистичен квалитет, изгледајќи како секоја од нив да се појавува од брановите. Проади нивната местоположба веднаш над водата, тие совршено се одразуваат во водата, со што сликата се протега подалеку од насликаната површина.
Шон, кој е од Њујорк, пораснал на островот Оаху, кадешто поголемиот дел од неговото време го минувал во океанските води.