Патешките патеки крај шеталиштата во близина на каналите во Лондон, Бирмингем и Манчестер се нова иницијатива со која се поттикнуваат луѓето да внимаваат на животните со кои ги споделуваат патеките кога се шетаат или возат велосипед. Организацијата „Canal & River Trust“ со бела линија обележала патеки наменети за птиците и овие патеки ги означиле со силуета на патка.
„Означивме специјални патешки патеки со цел да истакнеме дека имаме мал простор за споделување и дека на патките им е потребен приоритет“, вели Дик Винсент, член на организацијата која се грижи за патеките крај каналите и реките во Лондон.
Организацијата е одговорна за одржување на преку 3200 километри патеки крај водни површини во Англија и Велс. Нивното мото е: „Споделете го просторот; забавете го чекорот; ова е посебно место.“
Дали патките ќе ги почитуваат овие правила е сосема друго прашање.