На кваката на автомобилот ви ставаат обичен катанец со напишан телефонски број на него. Ако се јавите на телефонот ќе ви побараат 2000 денари за да ви го продадат клучот од катанецот. Ако не сакате да платите и решите да ја возите колата со катанец, катанецот ќе ви ја изгребе бојата и ќе поминете полошо.