Си биле еднаш eден маж и жена кои биле многу богати. Мажот секој ден работел до доцна, а кога ќе се врател дома, никогаш не бил расположен и постојано и викал на жената: “Пушти ме на мир“, “Изморен сум“ “Остави ме“.
Во близина на нивната ќуќа живеело едно сиромашно, но среќно семејство. Кај нив секогаш било весело. Многу се смееле, пиеле чај и често имале гости.
Еден ден мажот се вратил од работа и жената го запрашала: “Зошто ова сиромашно семејство е секогаш насмеано? Зошто сите се толку среќни? Зошто ние не сме среќни како нив?“
Мажот и одговорил на жената: “Тоа е бидејќи не го знаат правилото 99.“
Утредента мажот зал една вреќа и ја наполнил со 99 златни парички. Вреќата ја фрлил во дворот на сиромашните.
Сиромашните соседи ја забележале вреќата со златници, и почнале да одат од врата на врата и ги прашувале соседите некој да не си ја изгубил, но никој не се јавил.
Сиромашните луѓе помислисле дека Бог им ја пратил таа вреќа, и дека треба да ја прифатат. Почнале да ги бројат парите и виделе дека има 99 златници.
– Сега сме богати, имаме 99 златника.
– Да, ама не се 100. Ајде сите да ги засукаме ракавите, да работиме напорно, и да имаме 100 златника.
Сиромашното семејство почнало вредно да работи. Сите заедно работеле напорно и на крајот имале 100 златника.
-Хммм, ако продолжиме, можеме да имаме и повеќе.
И така, ова семејство, кое било сиромашно станало богато. Сите работеле напорно по цел ден, но полека, исчезнувала смеата од нивната куќа.
Сите викале : “Остави ме“, “Пушти ме на мир“, “Изморен сум“.
Поука: “Алчноста за пари е извор на секое зло.“