Секако дека успехот доаѓа со напорна работа, но дел од успехот е и способноста секој ден да се заврши на правилен начин. Тоа ќе ви овозможи следниот ден да се разбудите доволно силни за да го освоите свтот, што се вели. Што повеќето успешни луѓе прават пред спиење?
1. Читаат
Никаква телевизија пред спиење! Успешните луѓе читаат пред да си легнат. Читањето долгорочно го подобрува здравјето на мозокот и придонесува мозокот да остане бистар во поодмината возраст.
2. Шетаат
Кратка прошетка пред спиење е одличен начин да се разбистри умот и можност за мала телесна активност. Ќе спиете подобро и следниот ден ќе се разбудите посвежи. Шетањето исто така ја подобрува и креативноста.
3. Подалеку од вашиот телефон
Според д-р Чарлс Чајслер, професор по медицина на Харвард, силната светлина од вашиот телефон го нарушува природниот ритам на спиење и го измамува вашето тело да мисли дека е ден. На мозокот му праќа сигнали дека треба да се разбуди, па така вашето тело почнува да лачи хемикалии за будење. Ова може да внесе хаос во вашите навики за спиење и да направи следниот ден да се чувствувате неодморени и нефокусирани. А успешната личност не треба да биде таква.
4. Медитираат
Овие денови сите препорачуваат медитирање. Но, има добра причина за тоа. Медитацијата може да биде многу полезна за ослободувае од стресот, добра е за опуштање и поттикнување на креативноста.
5. Планирање
Земете го вашиот бележник и направете планови за следниот ден пред да си легнете. Колку повеќе планирате, толку поголеми изгледи за успех ќе имате.