Вчера ви претставивме една кратка поучна приказна за тоа како никогаш не можеме да знаеме кога сторената добрина ќе ни се врати со добрина. Но, како што забележавте и во вашите коментари, тоа не секогаш е така. Во денешниов прилог ви претставуваме цитати за добрината, кажани од секакви луѓе; моќници, кралеви, писатели, уметници, философи, верници и атеисти, добронамерни и циници. Секој со своето мислење. Во вашите коментари можете да напишете и некоја ваша мисла, или воопшто да споделите кое е вашето мислење за добрината како дел од човечкиот живот.

Стореното лошо дело ќе фати корен и ќе се развива на свој начин. Не создава само добрината. И лошите нешта создаваат. И тие си имаат некоја своја „маја“.
Денис Потер

Добрата личност може да направи и друга личност да стане добра; тоа значи дека добрината развива добрина во општеството; и другите стануваат добри.
Бумибол Адулјадеј

Чинот на добрина подразбира чин на среќа. Ниедна награда за стореното дело не може да се спореди со тоа.
Морис Метерлинк

Децата во своите разиграни насмевки ми ја покажуваат божественоста во сите нас. Оваа едноставна добрина свети право од нивните срца, и се што бара е добрината да се живее.
Мајкл Џексон

Довербата во добрината на друг е добар доказ за сопствената добрина.
Мишел де Монтањ

Секој во себе има некоја основна чесност и добрина. Ако ја следи, тој дава добар дел од она што на светот му треба најмногу. Тоа и не е толку сложено, само што бара храброст. Потребна  е храброст за некој да ја следи сопствената добрина и да дејствува според тоа.
Пабло Касалс

Секоја војна се раѓа од борбата за пазар и сфери на интерес, и секоја војна на јавноста ѝ се продава од страна професионалните лажговци и тотално искрените религиозни манијаци како света крстоносна војна да се спаси Бог и Добрината од Сатаната и Злото.
Роберт Антон Вилсон

Злото е секогаш можно. Доброто претставува тешкотија.
Ан Рајс

Злото се нанесува без напор, природно, фатално; добрината секогаш е производ на некаква умешност.
Шарл Бодлер

Во името на добрината, дали ќе слушнат, дали белите луѓе ќе слушнат што ние се обидуваме да кажеме? Ве молиме, се што бараме од вас е да разберете дека и ние сме луѓе исто така.
Дезмнод Туту

Пред неколку години ја напуштив религијата поради марксизмот. Републиката  на добрината ми се чинеше како поостварлива од Царството Божјо.
Лајонел Блу

Во име на добрината и љубовта, човек не смее да дозволи смртта да владее со неговите мисли.
Томас Ман

Добрината и напората работа се наградуваат со почит.
Лутер Кампбел

Добрината не се раѓа од големината, туку големината од добрината.
Атенај

Добрината не ги прави луѓето толку среќни колку што среќата ги прави добри.
Волтер Саваџ Ландор

Добрината не се постигнува во вакуум, туку во друштво на други луѓе, во присуство на љубов.
Саул Белоу

Добрината е убавина во своето најдобро издание.
Кристофер Марлоу

Добрината е нешто што не прави ведри и задоволни; таа е величевствена. Тие коишто не се добри се зли.
Бумибол Адулјадеј

Добрината е единствената инвестиција којашто секогаш се исплаќа.
Хенри Дејвид Торо

Добрината вооружена со моќ се расипува; а чистата љубов без моќ се уништува.
Рејнолд Нибур

Големината и добрината не се средства, туку цели.
Семјуел Тејлор Колриџ

Колку добрината ја извишува убавината.
Милан Кундера

Човечката природа е зла, и добрината е причинета ненамерно.
Ксун Ци

Јас верувам во еден Бог, првиот и најголем причинител на добрината. Исто така верувам во Исус Христос – преродувањето на светот. Исто така верувам во Светиот Дух, утешителот.
Даниел Морган

Помеѓу своите другари се сретнав со најразлични особини на човечката природа, од отвореност до резервираност, од добрина и љубезност до бруталност и подлост.
Георг Брандес

Се уште верувам во ненасилниот Исус и основната човечка добрина присутна во сите нас.
Мартин Шин

Ако има соништа за прекрасна Јужна Африка, тогаш има и патишта коишто водат до целта. Два од овие патишта можат да се наречат Добрина и Прошка.
Нелсон Мандела

На крајот, природата е неумолива; таа нема потреба да брза и порано или подоцна го зема тоа што ѝ припаѓа. Подсвесно и несовитливо покорна на сопствените закони, таа не знае за никаква уметност, таа не познава слобода, исто како што не познава ни добрина.
Иван Тургењев

Во минатото добрината секогаш била колективно доживување. И потоа добрината се приватизирала.
Едвард Бонд

Просто е чудесно колку е целосна илузијата дека убавината е добрина.
Лав Толстој

Сподели на Facebook
пати видено