Со возраст од 99 години, Дорита Даниелс поминала низ многу нешта во текот на нејзиниот живот – Големата депресија, двете светски војни и движењата за граѓански права, таа поминала низ сето тоа.

Но едно од нејзините најголеми достигнувања се случи минатиот петок, кога дипломираше на Факултетот на Кањоните после пет години макотрпна работа.

„99, и еве сум“ изјавила таа на подиумот, откако го остварила својот сон да се здобие диплома по социјални науки пред да наполни сто години.

d02

Дорита ова патешествие го започнала во 2009 година, откако била инспирирана од нејзините внуци кои работеле на нивната магистратура.

d03

За време на студирањето ѝ била одземена возачката дозвола и претрпела неколку удари, но останала „еден од најпосветените и најтрудољубивите студенти“.

Претставници на факултетот изјавиле дека Дорита повремено се мачела со некои работи, особено со компјутерската работа, но успеала да надмине секоја пречка и да биде инспирација за останатите студенти.

d04

Запрашана за совет од страна на нејзините колеги, таа кажала: „Никогаш не се откажувајте. Не правете го тоа. Не дозволувајте никој да ве обесхрабри. Кажете си – ќе успеам – и направете го тоа.“

Дорита нема некои особени планови за иднината, но со сигурност нема да седи дома и да плете.

do01

Сподели на Facebook
пати видено