Пензионираниот судија Кит Дејвисон почнал да ја мрази тишината. Еви, неговата сопруга, починала на 66 години, а тој бил осамен и тажен неколку месеци по нејзината смрт. Но Кит знаел како да се справи со тоа, тој изградил базен за децата од соседството.
„Ако го направам, ќе дојдат.“, сфатил Кит. Тој направил базен долг 10 метри, во дворот на неговиот дом во Минесота и ги поканил сите деца од соседството. Повеќе не се чувствува осамен и ја нема тишината. Сега тој ги слуша звуците на игра и смеа додека седи во сенка на неговиот стол, гледајќи ги среќните деца како се играат во неговиот двор.
„Знаев дека ќе дојдат!“, вели 94-годишниот Кит.
Соседката Џесика Хуебнер мислела дека судијата се шегува со неа кога зборувал дека сака да стави базен во дворот, се додека не ги забележала работниците во дворот. Сега таа и нејзините четири деца се редовни гости на Кит и неговиот базн, откако беше завршен во Јули.
„Тој шири радост за нашите деца низ нашето соседство.“, вели Џесика.
Базенот на Дејвисон вклучува и штица за скокање и базенот достигнува длабочина од 3 метри, веднаш под штицата. Овој базен е особено добредојден за град кој нема јавен отворен базен. Иако Дејвисон има три возрасни деца, тој нема внуци.
Џесика, вели дека таа му кажала: „Ти на некој начин ги посвои сите деца од соседството, ова се твоите внуци.“
Правилата на судијата бараат родител, баба или дедо да бидат присутни додека децата пливаат. Откако децата ќе заминат и тој сака понекогаш да заплива во базенот.
Кит вели дека тој сфаќа дека базенот нема голем финансиски смисол за 94-годишен човек. Но, тоа не му било важно. „Не седам сам и да гледам во ѕидовите. Што друго би помислиле да направите каде што може да имате цела група на деца во текот на секое попладне?“, изјавил Кит.