Со години една слика на која е прикажано „Исмејувањето на Христа“ стоела во кујната на 90-годишната старица, од Франција, која ја чувала само од религиозни причини и мислела дека е обична копија.

Но, на крај се дозна дека станува збор за ретко ренесансно богатство старо повеќе од 700 години.

Се верува дека сликата е дело на Чени ди Пепо исто така познат како Чимабу, флорентински сликар од 13 век, познат по менторството на Џото. Вистинската вредност е откриена кога старицата сакала да ја продаде својата куќа, а со тоа и неколку предмети во неа. Актеон, мала аукциска куќа од блискиот град Сенлис, била контактирана за проценка.

„Имав една недела да дадам експертски преглед на содржината во куќата и да ја испразнам“, изјавила Филомин Волф, аукционерот што ја открил сликата. Вулф која ја започнала својата аукциска кариера само минатата година веднаш го препознала потенцијалот на сликарството. „Ретко гледате нешто со таков квалитет“, објаснува таа. „Веднаш помислив дека тоа е дело на италијанскиот примитивизам. Но, не замислував дека станува збор за Чимабу “.

Таа првин мислеле адека сликата може да вреди од 300.000 до 400.000 евра, но кога ја однела во Париз дозна дека може да се цени 15 пати повеќе од таа сума. Таму било проценето дека сликата може да се продаде од 4 до 6 милиони евра. Другите вредности во домот на жената беа продадени за околу 6.000 евра во комбинација, додека остатокот од нејзиниот имот отишол во депонија.

Сподели на Facebook
пати видено