Денес изневерувањето е прекласифицирано и вклучува не само физичка афера, туку и емотивна афера. Може да започне како платонско пријателско чувство кон друга личност и да се претвори во нешто несоодветно.
Овој вид на изневерување е почест. Според статистичките податоци, околу 45% од мажите и 35% од жените признале дека имаат некаква емотивна афера.
1. Премногу сте блиски со пријателот/ката од спротивниот пол.
Можеби навистина станува збор за вистинско пријателство, но доколку вашиот инстикт ви вели дека можеби има привлечност помеѓу вашиот партнер и „пријателот/ката“ тогаш подобро е директно да го решите проблемот.
Запомнете дека додека привлечноста не е избор, изневерувањето е дефинитивно избор. Аферата не се случува магично, и само вие можете да направите избор дали ќе се спуштите по лизгавата падина. Значи, ако заглавите во светот на емоционална афера, тоа ќе биде ваш избор.
2. Флертувате онлајн и офлајн.
Виртуелните врски со повеќе луѓе одеднаш се многу полесни за одржување од една врска во реалниот живот. Затоа, виртуелната полигамија може да коегзистира во контекст на офлајн моногамија. Тоа се случува затоа што интернетот е лесно место за емоционално учество меѓу непознати.
На многу начини, интернетот ja олеснува можноста за градење на односи што ги имаме во реалниот живот. Сепак, анонимно онлајн флертување, како и офлајн флертувањето спаѓаат во афера.
3. Имате афера со вашиот телефон.
Повеќето од нас се будат и првин го проверуваат мобилниот телефон пред да кажат „Добро утро“ На лицето кое што спие до нас. Овој начин на блискост и далечност во исто време може да биде доста опасен, бидејќи тоа нè тера да мислиме дека сме блиски со некого, кога всушност можеби и не сме.
Според една неодамнешна анкета, скоро 4 од 10 млади го сметаат нивниот мобилен телефон покорисен од нивните најблиски. Оваа ужасна статистика претставува пример за денешната реалност. Наместо да разговараат со нивниот партнер, пријател или член на семејството, луѓето нуркаат во виртуелната реалност со смешни мачки и злобни твитови.
4. Се жалите за вашиот партнер на некој друг.
Логично е да разговарате со пријателите и семејството за вашиот партнер. Но не е во ред постојано да се жалите за вашиот партнер на другите наместо заедно со него да ги решавате проблемите.
5. Ја преминувате границата со непознати.
Ако имате потреба од некој непознат да ја пополните празнината што ја имате во вашата врска, влегувате на територијата на емоционална неверност. И тоа може да биде најболна форма на изневерување за вашиот партнер.
6. Имате таен пријател.
Сосема е нормално да се сретнете со пријател или пријателка на кафе за да се дружите и разговарате и вашиот партнер да знае за тоа. Но, доколку криете од него/неа дека се гледате со одредена личност тогаш значи дека имате причина поради која го правите тоа иако можеби не сте целосно свесни.
7. Сонувате за други љубовници.
Се случува да имате соништа за тоа како се будите покрај некој познат глумец или прекрасна манекенка, но доколку константно се замислувате и сонувате дека сте во сексуална врска со некоја друга личност тогаш емоционално се оддалечувате од вашиот парнтер. Во овој случај најдобро е да разговарате со вашиот парнер, за вашите сексуални желби.
8. Лажете за вашите финансии.
Според резултатите од анкетата на околу 23.000 онлајн корисници, повеќе од 60% од мажите и жените сметаат дека финансиското неверство е исто толку лошо како и физичка афера. Дури, една третина од испитаниците сметаат дека финансиското неверство може да доведе до сексуално неверство.
9. Вие не застанувате на страната на вашиот партнер.
Вие и вашиот партнер треба секогаш да бидете тим. Значи, кога станува тешко, треба да се чувствувате безбедно знаејќи дека имате некој на кого можете се потпрете. Но, ако вашиот сакан/сакана не е на вашата страна и постојано ве обвинува, значи дека не ве сфаќа вас и врската доволно сериозно. Затоа потребно е да разговарате со него/неа и да кажете што очекувате од нив во врската.