Човечките суштества можат да препознаат насмевка од повеќе од 90 метри. Ова е еволутивна особина развиена за да се разликува пријател од непријател.
Но, насмевките понекогаш се тешки за дефифрирање. Тие можат да се користат за да се изразат, да се скријат, или дури и да се маскираат чувствата.
Насмевката со затворени усни
Преферираната насмевка на политичарите, таа покажува дека лицето знае нешто важно но нема намера за споделување на нивната тајна. Оваа насмевка е прилично лесна за идентификување, бидејќи е слична на чувството што го портретира. Можете да ја видите насмевката, но затворените усни никогаш нема да ги откријат забите.
Извртената насмевка
Кога некој е збунет, тоа го покажува преку својата насмевка. Една страна на усните се навалува нагоре, што значи дека нешто добро се случува, но другата страна е надолу бидејќи не се сигурни точно за што се работи.
Принудната насмевка
Постојат денови кога не сте расположени да се насмевнете, а сепак ситуацијата бара од вас да го претставите насмеаното лице. Во тие случаи користиме лажна насмевка, кај која иако усните изгледаат среќни, очите ги покажуваат вистинските чувства.
Вистинската насмевка
Широката насмевка и контурите околу очите се дефинитивно нешто што треба да ви се случува секој ден. Таа ја објавува вашата среќа во светот. Оваа насмевка е исто така заразна и прави и другите луѓе да се среќни.
Исмејувачка насмевка
Оваа насмевка со усните малку свиткани нагоре и очите полни со омраза не е тешко да се препознае. Секој кој ќе се сретне со оваа насмевка веднаш ќе го почувствува тоа. Тоа е, секако, најпосакуваната насмевка на нарцисистите.
Самодоволна насмевка
Со усните цврсто притиснати и една страна малку подигната од другата, ова е многу сложена насмевка за дешифрирање. Во зависност од ситуацијата и лицето, тоа може да биде знак на ароганција или задоволство. Таа, исто така може да се користи за флертување.
Насмевка со отворена уста
Насмевката со отворена уста изгледа одлично на фотографии и искажува вистинска среќа.
Флертувачка насмевка
Оваа насмевка е слична со исмејувачката, но овој пат лицето ги каснува или лиже усните и секако се користи за сосема друга намена.
Насмевката на Пан Ам
Најлажната од сите насмевки е насмевката која го добила името по стјуардесите на Пан Ам, кои биле обучени така да им се насмевнуваат на патниците. Додека на усните има широка насмевка, очите се фиксирани. Оваа насмевка не дава никакви емоции и покажува дека е лажна.