Во текот на илјадници години имало многу дебати и претпоставки за тоа како биле направени пирамидите и која била нивната намена. Некои имаат смисла, други и не толку. На нас ни е лесно со знаењето собрано од генерациите пред нас и техничките возможности на современата наука, но вреди да се прочитаат обидите да се вникне во мистеријата на египетските пирамиди кога луѓето ги немале тие поволности кои ги имаме ние, како и некои современи претпоставки за мистериозните египетски градби.

1. Средновековните Европејци верувале дека пирамидите биле изградени за складирање жито поради спомнувањата на житници во Стариот Завет.

prmd01

2. Во 1845, Фиалин де Персињи истакнал теорија дека пирамидите биле изградени за да служат како бариери кои ќе ги заштитат Египет и Нубија од ветерот и песокта.

prmd02

3. Игнатиј Лојола Донели, конгресмен од Минесота, САД, во 1882 напишал дека граѓаните на Атлантида ги изградиле пирамидите за време на нивната колонизација на Египет.

prmd03

4. Шведски философ во почетокот на 19. век теоретизирал дека пирамидите се резервоари-филтри за матната река Нил.

prmd04

5. Во 2014 година, египетскиот истражувач Амир Гамал за весникот Елаф изјавил дека верува дека Израел кова завера да ги украде пирамидите.

prmd05

6. Роберт Бовал, авторот на „Мистеријата на Орион“ тврди дека пирамидите се во линија со созвездието Орион.

prmd06

7. Џозеф Ритерфорд, водачот на движењето на Јеховините сведоци во 1928 напишал дека пирамидите ги изградил Сатаната.

prmd07

8. Во 1884 за време на научна конференција во Филаделфија, САД, била објавена научна статија според која пирамидите не се изградени, туку се исечени од ридови.

prmd08

9. Чарлс Пиаци Смит, кралски астроном на Шкотска, во 1864 година објавил книга според која Големата пирамида го претскажува крајот на светот, за кој то предвидел да се случи во 1881.

prmd09

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено