Најмистериозниот континент на Земјата привлекува истражувачи, пионери, па дури и љубители на теориите на заговор. Истражувањата за Антарктикот јасно покажуваат дека науката се создава пред нашите очи. Неверојатни откритија ги воодушевуваат не само обичните луѓе, туку исто така истакнати научници: „крвав“ водопад, метеорит од Марс, фосили, па дури и огромно езеро што лебди во мразот илјадници години.
Метеорит од Марс со траги на живот
Метеорит од Марс кој го знаеме под името Алан Хилс 84001, бил пронајден на планините Алан Хилс на Антарктикот на 27 декември 1984 година. Овој наод предизвикал широка јавна резонанца поради фактот што на површината на метеорит биле пронајдени фосилни микроскопски структури кои би можеле да бидат бактерии.
Прашањето за вонземјанско потекло на бактериите е сè уште отворено, но се фаворизира фактот дека големината на пронајдените структури е со дијаметар од 20-100 нанометри, што е многу помало од било која форма на клеточен живот за кој знаеме.
Уникатноста на ALH 84001 исто така е во фактот што, според истражувањето, тој се отцепил од неговата планета пред 4 милијарди години, кога сè уште имало течна вода таму.
Езеро под четири километри мраз
Едно од најголемите географски откритија на дваесеттиот век е субглацијалното езеро Восток, кое беше откриено во Антарктикот. Најмногу изненадува за откритието е тоа што е скриено под слој од мраз дебел 4 километри. Научниците веруваат дека езерото е отсечено од глечер од надворешниот свет во текот на неколку милиони години.
Големината на Восток е неверојатна: вкупната површина на езерото е околу 16.000 квадратни километри, а длабочината може да достигне 1200 м. Најверојатно, останува незамрзнато поради подземни геотермални извори.
Изгорена шума
Фактот дека некогаш Антарктикот бил зелен континент им е познат на научниците. Но, од неодамна научниците наоѓаат скаменети остатоци од изгорени шуми насекаде низ Антарктикот. Тука се поставува нов предизвик за научниците: „Да откријат што се случило со шумите.“
Проучувањето на фосилите покажало сериозно оштетување од пожарот, што укажува на тоа дека античките шуми биле уништени пред околу 250 милиони години како резултат на огромен пожар, што, пак, може да биде предизвикан од паѓање на метеорит или вулканска активност.
91 вулкан под мраз
Неодамна, научниците открија на Антарктикот, вулкани скриени под мразот. Колку од нив се активни – останува мистерија, бидејќи тие се скриени под глечер, чија дебелина на некои места достигнува 2 км. Регионот бил испитан со употреба на радар и друга специјална опрема и бил откриен 91 вулкан.
Крвав водопад
Можете ли да замислите што искусил Грифит Тејлор кога првпат ги открил Крвавите водопади во 1911 година? Црвениот поток што излегува од снежно-белиот глечер ги исплашил сите. Всушност алгите, кои чудесно се сочувани во глечерот и ја даваат на водата црвената боја.
Диносаурусите на Антарктикот
Научниците ги пронашле првите остатоци од диносаурусите на Антарктикот во 1986 година, во 2006 година успеале да го повторат наодот. Но, во 2016 година, експедицијата на островот Џејмс Рос добила невиден успех: вкупно биле пронајдени повеќе од еден тон остатоци од диносауруси.Во тек е активна работа на пронајдените остатоци. Некои од примероците се постари од 71 милиони години.
Мистификација и фалсификувања
Пирамидите на Антарктикот
Од 2013 година, бројни извештаи се појавија низ интернетот, наведувајќи дека научниците од Антарктикот нашле копија од египетските пирамиди со исти параметри и распоред. Фотографиите на една од пирамидите и нејзините сателитски снимки биле дадени како доказ.
„Пирамидата“ на фотографијата и сателитот е една од планините на планинскиот венец Винсон, која има бизарна форма поради структурата и временските услови. Стивен Ханард член на Alien Disclosure Group бил одговорен за оваа лажна вест.
Издолжен череп
Друга „шокантна вест“ која предизвика многу бучава беше откривањето на чудно издолжени черепи на Антарктикот, кои, наводно, укажуваат на присуството на друга цивилизација. Како доказ се претставени разни фотографии од черепи, кои всушност се музејски експонати кои ја прикажуваат вештачката деформација на черепите, која во античко време била раширена.
Слетување на НЛО
Луѓето кои имаат Google Maps и многу слободно време, неодамна откриле чуден објект на Антарктикот, кој се наоѓа на координатите 54 ° 39’44.62 “и 36 ° 11’42.47” и пишувале на социјалните мрежи и јутуб дека се работи за слетување на НЛО. Научниците велат дека станува за снежна топка или парче мраз кое се стркалало по планината.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.