Сите ние ги знаеме опасностите од пушење цигари овие денови и не го оправдуваме пушењето. Меѓутоа, 1950-тите биле поинакво време, кога рекламирањето и културниот притисок за пушење биле силни. Пушењето се сметало за олицетворение на модерно и софистицираност, а луѓето во голема мера не биле свесни за негативните последици.
Оваа статија од изданието на магазинот „Caper“ од 1959 година, покажува неколку примери за тоа што психоаналитичарот д-р Вилијам Нејтун претпоставувал по набљудувањето на начините на кои луѓето избрале да пушат цигари. Според неговата анализа, начинот на кој поединецот ја користи и ја држи цигарата открива нешто за личноста и за нивните карактерни особини.
Денес ваков тип на психолошки тестови и анализи можат да се сретнат често како на пример овој тест тука. Доколку сте пушач можеби препознавте некои од нив? Кажете ни во коментарите.
1. Само претпоставка за овој женствен манир: несигурна, се плаши да јне а изгуби цигарата. Веројатно се држи до својот маж како лепак.
2. Типично држење на жена на која ѝ здодеал состанокот. Таа мора да се концентрира на врвот за да не се проѕева.
3. Д-р Нејтун тврди дека овој човек е интелектуалец, многу разумен тип на човек, контемплативен карактер.
4. Оваа личност е генерално несигурна, слаба, тешко е да живее со неа и е склона кон прекумерно лажење.
5. Многу напната индивидуа, директна, искрена, наклонета кон тврдоглавост.
6. Личност која ужива во висок стандард на живот. На пример како некој милионер од Тексас.
7. Очигледно, овој маж е смел, пресметан, буквално сака да се „игра со оган“.
8. Сонувач, секогаш залутан.
9. Многу е песимистички настроен е прекумерено е претпазлив во бизнисот.