Животот во Кралскиот дворец е секогаш полн со мистерии. И често, скапоценостите играат клучна улога. На пример, еден дијамант во Кралската круна може да биде причина за конфликт меѓу државите! Кралските реликвии можат да ја раскажат историјата од малку поинаков агол.
9. Брошот со сафир на кралицата Викторија
Кралицата Викторија (1839-1876) многу сакала сафири. Неколку дена пред нивната венчавка, нејзиниот избраник, принцот Алберт ѝ подарил на кралицата брош од сафир кој толку многу го сакала што дури и го ставила на свадбата. Според една стара англиска традиција, за време на венчавката, невестата треба да има четири работи: нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино. Значи сафирот станал „нешто сино“ за кралцата Викторија. Сината боја ја симболизира лојалноста кон некоја личност. Сега, овој брош ѝ припаѓа на Елизабета II, која го носи за посебни прилики.
8. Ѓерданот на Марија Антоанета
Овој неверојатно убав ѓердан кој се состои од скапоцени метали со дијаманти бил центарот на најголемиот инцидент во 18 век. Луѓето блиски на Марија Антоанета ѝ го купиле ѓерданот со заеми бидејќи чинел многу пари. Кралицата тврдела дека не знаела ништо за купувањето, но многу луѓе не ѝ верувале на нејзината приказна и биле сигурни дека таа им наредила да го купат. Всушност кралицата го сакала ѓерданот, но кога ја слушнала цената се предомислила.
Имало голема количина на мистерија и измама околу Марија Антоанета, што довело до зголемување на политичките немири во Франција. Кралицата се сметала за вмешана во вонбрачна врска, но ништо не било потврдено. На крајот, овој ѓердан е еден од факторите што довел до огромен пад во нејзината популарност како кралица.
7. Скршената тијара на Елизабета II
Дијамантската тијара која можете да видите на Елизабета Втора ѝ беше дадена на денот на венчавката. Сепак, непосредно пред церемонијата, нејзиниот фризер ја скршил. Тијарата веднаш била испратена во „Куќата на Гарард“, каде што била брзо поправена и вратена назад на кралицата. Можете ли да замислите колку била загрижена?
6. Фаберже јајца: семејниот украс на Куќата на Романов
Традицијата на фарбање јајца за Велигден постои во Русија уште од античко време. Се разбира, Кралското семејство ја следело оваа традиција. Александар III одлучи да донесе нешто ново во овој обичај и направил многу интересно изненадување за неговата сопруга- Фабержеово јајце. Јајцето однадвор било покриено со бела „лушпа“ и емајл, а одвнатре „жолтката“ била од безбојно злато. Покрај јајцето била изработена и кокошка од обоено злато. Внатре во кокошката биле сокриени мала копија на императорската круна изработена од злато со брилијанти, како и симџирче со рубински приврзок.
Царицата толку ги сакала јајцата што нејзиниот сопруг секој Велигден ѝ подарувал ново јајце. Традицијата ја продолжил и неговиот син. По револуцијата, болшевиците продале поголем дел од јајцата за пари, па само 9 од нив остануваат во Русија.
5. Британската кралска круна
Британската кралска државна круна, како што ја знаеме денес, била создадена во 1937 година за кралот Џорџ VI. Круната има преголем број скапоцени камења на неа, па затоа не е ни чудо што тежи скоро 3,5 килограми.
Но, сите од нив не се ништо во споредба со дијамантот Кох-и-Нор. Името може да се преведе како „планина на светлината“ кој е во центарот на круната. Ова е веројатно најпознатиот дијамант во светот. Тој е стар повеќе од 300 години и доаѓа од Индија. Тој никогаш не бил продаден, само бил одземен со сила од еден сопственик до друг. Во 1849 година, по колонизацијата на Индија, дијамантот паднал во рацете на кралицата Викторија.
Откако Индија стана независна, индиската влада побара од Англичаните да им го вратат нивното национално богатство, но англиската влада јасно ставила до знаење дека ова не доаѓа во предвид.
4. Свадбената тијара на Кејт Мидлтон
Дијамантската тијара која Кејт Мидлтон ја носеше за нејзината свадба нема валкана историја. Но, нејзиното постоење само што започнало. Ова парче накит го купил Џорџ VI и го наследила Елизабет II. На тијарата има точно 888 дијаманти. Елизабета Втора никогаш не ја носела оваа тиара, но таа многу често ја позајмувала. Сестрата на кралицата и ќерката често ја носеле тијарата, пред Кејт.
3. Златните нараквици на данските принцези
Во Данска има невообичаена кралска традиција – сите принцези добиваат златна нараквица за нивниот 5-ти роденден. Традицијата започнала во времето на Ингрид од Шведска. Нејзината мајка ѝ дала златна нараквица за нејзиниот 5-ти роденден и набрзо таа починала и нејзината ќерка станала сирак. Младата принцеза многу го ценела подарокот што кога имала своја ќерка, Ингрид одлучила да започне традиција и да ѝ подари ист подарок. Оттогаш сите девојки од кралското семејство го добиваат овој подарок.
2. Смарагдна тијара на кралицата Ранија
Кралицата Ранија од Јордан е прекрасна жена. Таа била една од првите жени кои отворено јавно излегоа, ги оспорија правилата и создадоа културна револуција. Таа одигра огромна улога во многу важни реформи за женските права, вклучувајќи го и правото на глас, правото да возат автомобил и правото да изберат сопствена облека.
И покрај нејзиниот статус, таа немала своја тијара долго време. Но, во 2000 година Кралицата на Јордан конечно добила своја круна – тијара направена од смарагди и црно злато.
1. Прстенот на принцезата Дијана
Лејди Дијана го избра овој прстен од сафир кога се вери со принцот Чарлс. Ова беше големо изненадување за кралското семејство, особено за Елизабет II. Прстенот го направила „Куќата на Гарард“ и чинел 38.000 долари во тоа време. Кралското семејство мислело дека тоа е ужасен избор, бидејќи секој „може да си го дозволи тоа!“
По смртта на Дијана, прстенот го наследил принцот Вилијам, кој подоцна ѝ го предал на Кејт Мидлтон. Денес, никој не се грижи за ексклузивните кралски парчиња накит.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.