Прилично е иритирачко кога некој до вас гласно џвака или кога ќе го удрите најмалиот прст од аголот, или пак кога доцните на работа, а не можете да ги пронајдете клучевите.

Сите овие феномени можат научно да се објаснат. Ако дознаете зошто се случуваат овие работи, ќе можете да ги избегнете во иднина.

Зошто вашата пот мириса полошо кога сте под стрес?

Кога сме под стрес, нашите апокрини жлезди започнуваат да работат побрзо и да ослободуваат пот. Оваа пот содржи повеќе хранливи материи, протеини и липиди од потта произведени од екрини жлезди кои само содржат сол и вода. Овие хранливи материи се фантастичен оброк за бактериите кои живеат во и околу нашите пори. Како што бактериите ги распаѓаат овие хемикалии, тие ослободуваат лош мирис.

Зошто е потешко да се разбудите ако го одложите алармот за 5 минути?

Работата е во тоа што кога повторно заспиваме, започнува нов циклус на спиење. Потребно е околу 100 минути за да се заврши циклусот, и ако трае помалку од 100 минути, фазата нема да заврши. Значи, најдобриот начин да го започнете денот е да се разбудите при првиот аларм.

Зошто луѓето кои џвакаат гласно нè иритираат?

Овој синдром има научен термин – мисофонија. Тоа е агресивна реакција на обичните звуци како што се: џвакање, одредени звуци при зборување, лице кое свирка и така натаму. Околу 20% од сите луѓе во светот страдаат од мисофонија. Мозокот реагира на овој начин, бидејќи неколку делови од него, а не само еден дел, добиваат сигнали.

Зошто нашиот глас звучи толку различно и чудно кога се снима?

Кога го слушаме нашиот глас додека зборуваме, слушаме мешавина на звуци од околината преку надворешниот аудитивен канал, тапанчето и средното уво. Кога слушаме снимка, ги слушаме само оние звуци што се пренесуваат преку воздухот. Другиот дел од звуците едноставно исчезнува.

Зошто имаме црвени очи на фотографии?

Понекогаш нашите зеници не успеваат да се стегнат кога некој ќе не фотографира. Црвеното око е во суштина светлина која се одразува од крвните садови во вашата мрежница.

Зошто парчиња од лушпата паѓаат во садот кога кршите јајце?

За да не се случи ова мора да ја определите средината на јајцето, да го чукнете од работ и на овој начин лушпите нема да завршат во чинијата.

Има причина зошто не можете да ги најдете вашите клучеви.

Ако обично не можете да ги најдете вашите клучеви, значи дека не ја вклучувате вашата работна меморија кога ќе се вратите дома и ги фрлате вашите клучеви некаде. Затоа не можете да се сетите каде сте ги ставиле. Има само еден начин да се справите со овој проблем: организирајте место за овие мали предмети, така што секогаш ќе знаете каде се.

Зошто врвките се одврзуваат? Особено, кога станува збор за деца.

Детските врвки се одврзуваат затоа што тие чекорат поинаку од возрасните. Малите деца удираат со ножињата по земјата и на овој начин јазолот попушта.

Зошто боли толку кога ќе го повредиме најмалиот прст?

Прстите содржат цела група нервни рецептори и не многу ткиво за да ги заштитат овие рецептори. Како резултат на тоа, ние ја удираме нашата коска, крвните садови и нервите. Тоа е причината зошто е толку болно кога ги удираме најмалите прсти.

Сподели на Facebook
пати видено