9-годишната Еилза е многу среќно мало девојче. Таа освоила на лотарија 1 милион долари на ливчето кое ѝ го купил нејзиниот татко. Малата среќничка била извлечена на Duty Duty Free лотарија, на меѓународниот аеродром во Дубаи. Но, верувале или не ова не ѝ е прва скапа награда на Еилза.

Во 2013 година, кога имала само 3 години нејзиниот татко, познат само како господин М ѝ купил грепка, на која освоила спортски автомобил McLaren од 250.000 евра.

Нејзиниот татко изјавил дека повторно и купил лото ливче бидејќи наполнила 9 години, а тоа бил нејзиниот среќен број.

Родителите на Еилза се индијски иселеници кои живееле во Обединетите Арапски Емирати во последните 19 години и нејзиниот татко изјавил дека купувал билети за лото од 2004 година. „Никогаш не сум пропуштил да купам билет за секоја серија, вклучувајќи ги двојните и мултимилионерските промоции.“, вели нејзиниот татко.

Сподели на Facebook
пати видено