Кога деветгодишниот Рајан Киркпатрик дознал дека голем број негови соученици не можат да си дозволат училишен оброк многу се растажил. Голем дел од соучениците во трето одделение имале училишен долг за оброк.

Рајан, кој живее во Напа, Калифорнија, побарал од неговата мајка, Кајли, да дознае колку му должеле неговите пријатели на училиштето. Кајли добил е-маил од училиштето, во кој стоело дека вкупниот износ бил околу 74,50 долари.

Цената на ручеците во училиштето варира од 30 центи до 3,25 долари секој, во зависност од нивото на приход. Ако учениците не можат да си дозволат да платат, политиката на округот диктира дека и понатаму ќе добиваат топол оброк, дури и ако имаат „негативна сметка за ручек“.

„Што сакаш да направиш?“, го прашала Кајли својот син, на што тој ѝ одговорил: „Претпоставувам дека можам да платам за тоа“. Момчето решило сите заштедени пари од џепарлакот со кои планирал да купи опрема за бејзбол да ги даде на долгот на своите соученици.

Тој заедно со неговата мајка напишале чек и го однеле во училиштето. Иако донацијата била анонимна веста некако се прочула низ луѓето и малиот Рајан добил многу пофалби, но исто така била критикувана и политиката, поради тоа што ги наплаќаат училишните оброци.

Сподели на Facebook
пати видено