Во 1764 година, со декрет на Екатерина II е основана, првата руска женска образовна институција, Смолни институт за благородни девици во Санкт Петербург. Со него започнала револуционерната историја на женските институции, кои почнале да се отвораат низ целата земја.
Екатерина II сонувала да ѝ даде на државата „образовани жени, добри мајки, корисни членови на семејството и општеството“, но дипломираните студенти на овие институции биле наречени „бели раце“, болежливи дами, целосно инфантилни и одвоени од светот, впечатливи и наивни. Зборот „институтка“ стана синоним за егзалтација, слабост и ограничувања.
1. Ученичките биле поделени на „добри“ и „лоши“
Девојките кои се бунтувале па дури и тоа да е нешто ситно или повисок тон на гласот биле прогласувани за „мовешками“ од францускиот збор mauvaise-лош. Додека оние кои се однесувале правилно, имале совршена положба, биле учтиви, ги нарекувале „перфетки“ од parfaite-совршен.
2. Наставниците биле невенчани жени и непривлечни мажи
За да се вработат во институтот за благородни девици професорките морале да бидат немажени жени, иако истите се сметале за неуспешни во тоа време. За мажите имало посебни правила. За да не се вовлече во искушението на младите девојки, наставникот морал да биде оженет, постар и со каква било телесна попреченост или дефект во изгледот.
Сепак, ова не ги спречило женските ученици да ги обожаваат, што се должи на воспоставената институционална традиција да имаат предмет на обожување.
3. Потребата за љубов и пријателство честопати земала хипертрофирани форми
Надворешниот свет бил затворен за дамите и тие имале малку забава, па затоа за да доживеат некои емоции најчесто почнувале да обожуваат некоја личност, тоа можела да биде најстарата ученичка или некој наставник па и свештеник. Тие им давале подароци, се молеле за нивното здравје, им правеле услуги. Но понекогаш имало и драми бидејќи „страдале од љубов“ пиеле оцет, јаделе сапун, ги врежувале нините иницијали на делови од телото.
4. Не било применувано физичко казнување, но мерките опфаќале сериозно понижување
На пример за несоодветен изглед носени и скинати чорапи се закачувале за фустанот на девојката, или доколку кажат нешто што не треба голем картонски јазик им се ставал околу вратот. Иако не биле лишувани од јадењето требале да јадат стоејќи како дел од казната.
5. Условите за живеење биле строги, а листата на забава ограничена
Температурата на воздухот во спалните често била 12-16 ° C, и било многу тешко да се спие под тенки ќебиња. Будење во 6 часот наутро, миење со ледена вода, молитва, слаб доручек, часови, одење во црква. Пешачењето било дозволено строго според распоред на територијата на институтите. Смееле да читаат само одбрана литература, според предметите, па дури и од неа биле отстранувани одредени делови за да „не се збунат младите умови“.
6. Средбите со роднините се сметале за штетни
Средбите биле строго регулирани, имало посебни правила за допишување и писмата биле проверувани пред да им се дадат на ученичките за да не им влијае „штетно“ надворешниот свет. Родителите не можеле да ги отпишат ќерките освен ако немаат „многу добра“ причина за тоа.
Домашните, разговорите за нив и минатиот живот, пријателите и домот биле исмевани од страна на наставниците и постарите ученици, па новите учеле да ги кријат чувствата, а потоа институтот станал нивна единствена реалност.
7. Образованието кореспондира со нивото на средно училиште, а не на институт
Во првите години од основањето, институтите имале посилна програма, иако во исто време обуката во нив соодветствувала со програмата на женската гимназија. Внимание било посветено на странски јазици и аритметика, историја и географија, физика, архитектура. Подоцна, програмите се префрлиле кон „декоративни“ вештини – пеење, танцување и нивото на настава на основните предмети паднала. Од учениците барале поголема почит за пристојност од академските резултати.
8. Девојките ја напуштале инстутуцијата целосно неспособни за живот, што довело до многу анегдоти
По долгиот престој во институтот кога се соочувале со реалниот свет девојките доживувале напади на паника. Бидејќи одамна не се виделе со своите роднини и пријатели сѐ им изгледало непознато и непријателски настроено. Дури и наједнставните задачи како одење во продавница им биле невозможни.
9. Но сепак меѓу дипломирани студенти биле силни личности кои станале познати
Некои дипломци од овој инстутит станале успешни и познати жени. Меѓу нив е и првата жена од Русија авијатичар, Парасковја Гагарина, разузнавач и љубовница на Максим Горки, Марија Закревскаја, познатата харфистка Ксенија Ердели, поетесата Нина Хабијас, првата жена дипломат Дарија Ливен.