Најчесто зборот дисциплина не асоцира на армијата или воените сили на која било земја. Строгиот распоред што го следат ги прави да се издвојуваат од секој обичен човек и тоа е причината поради која кога ќе ги погледнеме не обзема чувство на гордост и патриотизам. Ова е интересна листа на најдисциплинирани и најстроги армии во светот, која ќе ве увери дека не е лесно да се биде војник.
9. Кинеската народно ослободителна армија
Како најголема воена сила во светот, вооружените сили на Кина се група на најдисциплинирани и добро обучени кадри. Задолжително е за младите мажи да се приклучат на армијата(меѓутоа, генерално тоа не се следи со оглед на огромниот број на вооружени сили во земјата). Воениот објект за обука, Журихе базата, обезбедува реални услови во битка, за да можат регрутите да се истренираат за теренот.
8. NAVSOG & CGSOG на Филипините
Ако мислевте дека во армијата се става на тест само физичката сила, тогаш многу грешите. Ова е поморската група за специјални операции (NAVSOG) и група за специјални операции на крајбрежната стража (CGSOG). Тука од мажите се бара да ги ивршуваат зададените задачи, откако претходно ќе се напијат. Тие, исто така, почнале да ги признаваат жените во своите сили и тие исто така мора да се придржуваат кон владеењето на стекнувањето на физичка и ментална сила. И ако мислевте дека тие седат таму и се опијануваат имајте во предвид дека главна задача им се секое утро да трчаат 10 километри и да пливаат 20 километри, а исто така потоа да вежбаат стрелање.
7. Морнарички Фоки, САД
Без разлика на тоа колку е транспарентна и јавна обуката на Морнарицата, некои регрути сé уште не успеваат да ја поминат, а до крајот на обуката се откажуваат речиси 75-80%. Не е ни чудо што тие исто така имаат неверојатни статистички податоци. Во Виетнамската војна, комбинираниот сооднос на убиства за тимот 1 и 2 изнесувал 200 наспрема 1. Тие не се задолжени само за поморските задачи. Зборот SEAL се однесува за „Море, воздух и земја“. Има вкупно 8 тимови на SEAL, но официјалните извори одбиваат да се согласат околу постоењето на 6 и 9.
6. Индиската армија
Индиската армија е синоним за зборот „дисциплина“. Кадеттите не можат да ги избегнат најтешките распореди за обука, кои се научно изработени за GCs (Gentleman Cadets) за да ги развијат своите физички и ментални атрибути. Физичката обука вклучува вежби, спорт и пливање. Тие се учат да работат како тим во секое време. Некои од тешките казни за време на тренингот вклучуваат Махараџа (подигање на вашето тело вертикално со помош на глава), ползење во ров со бодликава жица и лазење низ студена вода.
5. Израелскиот Шајет 13
Шајет 13 е една од најефикасните воени сили во светот. Таа е исто така најтајна во израелските одбранбени сили. Нивната обука трае 20 месеци. Покрај огненото оружје и обуката за тешки оружја, тие ја учат националната боречка вештина на Израел: Krav Maga.
4. Британија, МИ6
Исто така познати како Британска тајна разузнавачка служба (СИС), тие тесно соработуваат со МИ5. Тие имаат агент сличен на Agent “Q”, кој се грижи за целата опрема и оружје вклучени во секоја операција. Животите на овие луѓе се тешки, таинствени и дефинитивно ова е високо дисциплинирана работа.
3. Војници на Северна Кореја
Кога зборувате за Северна Кореја, може да нацртате слика од најдисциплинираната земја во светот. Таму и граѓаните се со најголема дисциплина, а војниците се уште подисциплинирани од нив. Северна Кореја никогаш официјално не објавила кои се овие војници и како функционираат, но приказните за нивната обука и дисциплина би ги заплашиле и најхрабрите. Борба против 3-15 противници одеднаш, удирање во дрво 5.000 пати, удирање на конзерва додека не ги раскрварат рацете, а потоа удирање во сол се некои од режимите за обука откриени од самите војници.
2. Русија, Спецназ
Руската армија верува дека таму каде што има војна, сигурно има и болка. Така, тие ја обучуваат својата војска да издржи болка колку што е можно полесно. Загреана бетонска плоча се криши на стомакот на војникот, тие се удирани во стомакот од страна на командантот и не им е дозволено да покажуваат знаци на болка. Тие исто така имаат обука за самоодбрана и боречки вештини.
1. Елитна армија на Јужна Африка
Елитните сили на Јужна Африка се уште еден пример за тешка физичка и ментална обука. Не успеваат да издржат сите до крајот на обуката, главно поради дисциплината и строгоста вклучена во процесот на обука. За да се вклучат во кампот за обука, постои тежок процес на селекција: кандидатите не добиваат храна и не смеат да спијат. Само оние кои имаат волја ќе го поминат овој процес на селекција. И ова е само почеток. Учесниците вршат марширање во грмушки, добиваат храна на секои 5 дена и мора да спијат во стоечка позиција за да ги избркаат хиените. Покрај другите редовни активности за обука, тие исто така се обврзани да поминат обука за падобранство.