Видеото го снимил синот, кој вели:
„Мајка ми има 88 години. Таа има Алцхајмерова болест во напредна фаза, не може сама да ги извршува основните животни функции, но сеуште свири и пее поубаво од било кој во моите очи. Додека пеев со неа вечерва сфатив дека ниту еднаш немам снимено како пееме заедно, па ја снимив оваа песна. Повеќето денови ми недостига, но таа секогаш ми се враќа кога пееме заедно.“