Во неверојатен подвиг на издржливост во возрасни години, една пензионерка успеала да се искачи на врвот на највисоката планина во Африка. На возраст од осумдесет и шест години, повеќето луѓе би се обиделе да се занимаваат со лесни работи и да внимаваат, но за пензионираната учителка Ангела Воробјова, ојашто неодамна поставила нов рекорд со искачувањето на Килиманџаро, се докажало дека возраста не е ништо друго освен една мала непријатност.
Заедно со нејзината 62-годишна ќерка Вера и група планинари, 86-годишната авантуристка го завршила искачувањето на време и не претрпела никакви лоши ефекти од големите височини.
„Никогаш не помислив да се вратам“, вели таа. „На височина од 4000 метри, ние дури танцувавме и танго со нашиот водич. А на 5000 метри го видовме зајдисонцето. Зајдисонце над облаците! Најчесто си пешачам и немам никакви проблеми со крвниот притисок. Секое утро вежбам и се полевам со студена вода. Немам некој посебен тренинг.“
Но, Ангела не планира да застане на ова епско достигнување.
„Моето следно планирано патешествие е, се разбира, во Перу – Макчу Пикчу“, вели Ангела. „Покрај тоа, имам сон да крстарам од Анадир до Мурманск, покрај руските острови на Арктикот и Северниот Пол.“