Еден 81-годишен маж ќе помине во затвор цели девет месеци, откако бил возач за бегство на дилери на дрога. Но, зошто еден 81-годишен пензионер кој наместо да ужива во преостанатите години од животот презема вакви ризици?
Поранешниот вработен во сендвичара, Иан Хеменс од Чичестер, Западен Сасекс, беше осуден во Краун Судот Портсмут, откако беше прогласен за виновен за помагање на наводниот сторител Махамуд Сами да избега од земјата. Сами сè уште не е фатен.
Старецот работел како возач за бегство на дилери за дрога затоа што поради неговите години и изглед им делувал „кротко“ на властите и никој не се сомневал. Кога го прашале старецот зошто го правел тоа тој им кажал дека бил многу осамен и дека ова му бил начин да се занимава со нешто и да оствари било каков контакт со луѓето.
Иан добил 9-месечна затворска казна поради неговото „злосторство“ и велат дека тој не се бунел и не изреагирал бурно когa му била изречена пресудата.