Истражувањата докажаа дека решавањето гатанки и загатки е исклучително корисно за вашиот мозок. Тие го изоструваат вашиот ум, ја подобруваат меморијата и ве учат да обрнувате внимание на мали детали. И едноставно се забавни.
Уживајте во овие загатки со мал пресврт. Одговорите се на втората страна.
1. Мистерија на свеќите
Си живеел еден стар човек со неговите 3 ќерки во едно село. Еден ден тој се разболел и Смртта дошла да му ја земе душата. Најстарата ќерка ја замолила Смртта да му дозволи на нејизниот татко да живее уште 2 години. По 2 години кога Смртта повторно дошла, средната ќерка ја замолила да му даде уште 1 година на старецот.
Кога смртта дошла и третиот пат најмалата ќерка се појавила со свеќа во раката и ја замолила Смртта да се врати кога свеќата во нејзината рака ќе догори. Смртта се согласила. И како што најмалата ќерка очекувала Смртта повеќе не се вратила.
Прашање: Како најмалата ќерка ја измамила Смртта?
2. Мистерија со скалата
Павле стоеше на скалата од 25 метри. Тој се лизна од скалата и падна на земја. Но, тој не умре ниту пак се повреди.
Прашање: Како е тоа можно?
3. Мистерија со монети
Имате 2 кофи со вода, во 1 кофа температурата на водата е 25 ºC, во втората кофа вода е 25 ºF. Пуштате две монети од иста висина и со иста тежина во кофите. И двете удираат во водата во исто време.
Прашање: Која монета прва ќе дојде до дното на кофата?
4. Мистеријата со тревата
Во поле, постои дел со магична трева, која двојно се зголемува секој ден. Ако на првиот ден има едно парче трева, вториот ден ќе има 2 и тн. Потребни се 10 дена за тревата да го покрие целото поле.
Прашање: Колку време ќе биде потребно за да се покрие половина поле?
5. Мистерија со јаболкото
Има 10 луѓе во соба и секое лице може да ја види целата соба и сите други. Сакате да поставите јаболко, кое сите освен едно лице ќе можат да го видат.
Прашање: Каде би го ставиле јаболкото во собата?
6. Мистеријата за автомобилите
Има 2 автомобили, синиот автомобил се движи 60 км / ч и црвениот автомобил се движи 40 км / ч. И двете тргнале во исто време, но сепак во еден момент се сретнуваат.
Прашање: Како е тоа можно?
7. Мистеријата со јаболкницата
2 пријателки Ена и Марија тргнале на пешачење. Одеднаш почнал пороен дожд, а девојките виделе напуштена куќа и решиле да засолнат во куќата. Кога дождот престанал, пријателите биле суви, но многу гладни. Затоа тргнале во различни правци за да побараат овошје.
Ена нашла јаболкница, но кога го гризнала јаболко, таа се претворила во дрвото. Половина час подоцна Марија стигнала и слушнала како некој вели: „Твојата пријателка се претвори во дрво, мора да ја најдеш за да ја вратиш назад. Имаш само една шанса. Ако погрешиш, твојата пријателка ќе остане дрво засекогаш.“
Прашање. Како може Марија да открие кое дрво е нејзината пријателка?
8. Кој маж носи најмногу тежина?
Одговорите се на втората страна