Говорот на телото обезбедува неверојатно големо количество информации за тоа што мислат другите луѓе ако знаете на што да внимавате. А кој е тој кој не сака да ги чита мислите на другите луѓе? Веќе препознавате повеќе знаци од говорот на телото отколку што сте свесни. Универзитетски истражувања покажале дека само седум отсто од општењето е засновано врз зборовите кои ги изговараме. Триесет и осум отсто отпаѓаат на интонацијата а останатите 55 отсто се говор на телото. Ако научите како да ги толкувате тие 55 отсто, ќе се здобиете со значителна предност. Следниот пат кога ќе се најдете на некаков деловен состанок, или дури и кога сте на љубовен состанок, кога сте со другарите или кога си играте со вашите деца, внимавајте на овие показатели.

gt01

Прекрстените раце и нозе сигнализираат отпор кон вашите идеи

Прекрстените раце и нозе се телесна бариера која сугерира дека личноста не е отворена за тоа што го велите. Дури и ако се насмевнуваат и се впуштаат во пријатен разговор, нивниот говор на телото раскажува друга приказна. Џерард Нирнберг и Хенри Х. Калеро снимиле повеќе од 2000 преговарачи како дел од истражувањето во врска со книгата која ја пишувале, и ниеден од преговарачите кои имале прекрстени раце или нозе не постигнале договор. Од психолошка гледна точка, прекрстените екстремитети сигнализираат дека личноста умствено, чувствено и телесно се заштитува од тоа што е пред неа. Тоа е несвесно дејство, и токму затоа открива многу.

gt02

Искрената насмевка прави брчки кај очите

Кога станува збор за насмевките, устата може и да излаже, но очите не. Искрената насмевка стига до очите, при што ја набрчкува кожата околу нив. Луѓето често се смејат за да скријат што навистина мислат или чувствуваат, па така кога следниот пат некој ќе ви се насмевне, обрнете внимание на очите.

Копирањетот на говорот на телото на собеседникот е добар знак

Дали сте биле на некој состанок и сте забележале дека секогаш кога ќе ги прекрстите или раширите нозете, соговорникот го прави истото? Или ја наведнуваат главата во истата положба како и вашата кога зборувате?

Тоа е добар знак.

Повторувањето на говорот на телото е нешто што го правиме несвесно кога чувствуваме поврзаност со соговорникот. Тоа е знак дека разговорот врви добро и дека другата страна ја прима вашата порака.

gt03

Ставот кажува сѐ

Дали некогаш ви се случило во просторијата да влезе човек и вие веднаш знаете дека тој е тој кој се прашува? Тоа сознание во голема мера се должи на говорот на телото. Луѓето кои се на некаква позиција вообичаено се исправени, со дланките насочени надолу, и воопшто со отворени и широки гестикулации. Мозокот автоматски ја изедначува моќта со големината на просторот кој луѓето го зафаќаат. Стоењето во исправена положба со рамениците наназад е позиција на моќ. Таа положба прави да изгледате како да зафаќате повеќе простор.

Од друга страна, сведнатоста е резултат на внатрешните чувства на потиштеност и инфериорност. Прави да изгледа како да зафаќате помалку простор и проектира помалку моќ. Одржувањето на исправената положба влева почит и ги подобрува вашите изгледи за успех, без разлика дали сте надлежни во дадена ситуација или не.

Очи кои лажат

Сите веројатно сте го слушнале ова: „Гледај ме во очи кога ми зборуваш!“ Раширено е уверувањето дека е тешко да се одржи погледот кога се лаже. Но токму поради тоа, некои луѓе упорно ќе ве гледаат во очи додека лажат. Проблемот е во тоа што тие често претеруваат со тоа дури дотаму што нивниот поглед станува непријатен. Обично луѓето гледаат во очи во времетрањет од седум до десет секунди. Ако нечиј поглед направи да се чувствувате непријатно – особено ако погледот им се чини заледен и не трепнуваат – нешто се случува во нивната глава и тие можеби ве лажат.

Поткренатите веѓи сигнализираат неудобност

Има три главни чувства кои предизвикуваат поткревање на веѓите: изненаденост, грижа и страв. Обидете се да ги поткренете веѓите кога опуштено разговарате со пријател. Тешко е, нели?

Доколку вашиот соговорник ги поткрене веѓите, а темата не е изненадувачка, ни страшна, ни загрижувачка, тогаш се случува нешто друго.

gt04

Претераното климање со главата сигнализира несигурност

Кога на некој му кажувате нешто, и тој клима претерано, ова значи дека е загрижен за тоа што мислите за него и дали се сомневате во неговата способност да ги следи вашите инструкции.

Стегнатата вилица сигнализира стрес

Стегната вилица, напнатиот врад или стиснатите и набрчкани веѓи се знак на стрес. Без разлика што вели личноста, овие знаци сигнализираат неудобност. Разговорот можеби задира во нешто што ги прави нервозни, или нејзиниот ум е отсутен и тие се сосредоточуваат на нешто што им предизвикува стрес.

Сподели на Facebook
пати видено