Овие загатки во суштина се многу полесни за децата отколку за возрасните. Не се потребни долги пресметки и комплицирани одговори. Сè што треба да направите е да се препуштите на едноставната логика и ќе дојдете до решението. Одговорите на загатките се наоѓаат на крајот од текстот. Колку време Ви беше потребно?

1. Кој број се крие зад паркинг местото?

Оваа едноставна загатка била дадена на деца од прво одделение во Хонг Конг како приемен испит. Децата ја решиле за само неколку секунди.

2. Четирицифрени броеви

Како се можни овие решенија? Децата на предучилишна возраст можат да го решат ова од 5 до 10 минути.

3. Нумеричка пирамида

Која е вредноста на Е и D ?

4. Кутија чоколади

Во кутијата има 50 чоколадни бонбони. 30 од нив се полнети со карамела, 25 со кокос, од кои 10 се со двоен вкус на карамела и кокос, а останатите се само чоколадни бонбони без полнење. Прашање: Кој дијаграм правилно ја одразува кутијата со чоколади?

5. Во кој правец се движи автобусот?

6. Како е ова возможно?

7. Селскиот идиот

Луѓето секогаш се шегувале со просјак на кој кога ќе му понуделе 5 денари и 100 денари тој секогаш ги земал 5-те денари. Луѓето често му го нуделе овој избор но тој не го сменил мислењето. Зошто?

8. Пронајдете го задникот

Одговори

1. Одговорот е 87. Само свртете ја сликата наопаку во главата.

2. Одговорот е 2581 = 2. Обидете се да го броите бројот на кругови во секој четирицифрен број. На пример, 6 има еден круг, 8 има 2 , а 6889 има 6! Сфативте?

3. Одговор: D = 1345; E = 2440.
Долните броеви го поврзуваат повисокото ниво. Прво, соберете ги броевите во долниот ред: 198 + 263 = 461.
Сега гледате дека бројот што го добивте е поголем од неговиот сосед погоре: 461> 446.
Одземете ги овие броеви: 461 – 446 = 15.
Ако го проверите остатокот на пирамидата, ќе добиете по 15 во секој случај.
Та-да! Еве го клучот.

4. Одговорот е дијаграм Б. Тоа е едноставна математика:
Колку бонбони со карамела има во кутијата? 30 – 10 = 20.
И колку бонбони со кокос има таму? 25 – 10 = 15.
Сега можете да дознаете колку обични чоколадни бонбони биле во кутија! 50 – (20 + 15 + 10) = 5.

5. Автобусот се движи кон лево бидејќи вратата е од другата страна.

6. За да го решите ова, ќе треба да го замислите бројот 29 во римски цифри. Тој, ќе изгледа вака: XXIX. Сега едноставно ќе го отстраните 1 и ќе добиете ХХХ, што во арапскиот систем значи 30.

7. Таканаречениот селски идиот бил доволно паметен да сфати дека се додека тој продолжувал да избира 5 денари, луѓето ќе продолжат да му даваат, а доколку еднаш избере 100, протокот на пари ќе престане.

8. 9-ти во 7-ми ред.

Сподели на Facebook
пати видено