Постои долга историја на научно истражување на паранормалното. Повеќето научници нема да ги слушнете јавно да признаат дека веруваат во паранормалното од страв да не бидат исмеани во научните кругови. Но тоа не секогаш е така.
Философот и психолог Вилијам Џејмс бил еден од првите истражувачи кој работел на разни паранормални случаи. Почитуван во својот домен како авторитет кој сѐ уште се изучува, Цејмс останал длабоко скептичен во поглед на видовитоста и паранормалните реалности. Како и за Томас Едисон и Фримен Дајсон, и за Џејмс не може да се рече дека е посветен верник во паранормалното, но сите овие тројца посветиле значителна енергија и ресурси во истражување на истото, а други ја продолжиле нивната работа и дошле до најразлични контроверзни заклучоци.
1. Синхроницитетот на Карл Јунг и бубачката Скарабеј
Познатиот психолог и психотерапевт Карл Јунг е најмногу познат по неговото проучување на улогата на архетипите во човечката свест, но исто така потрошил 20 години на истражувањето на синхроницитетот – верувањето дека настаните коишто не се поврзани со причинска врска, можат да се поврзат преку значењето. Иако ова не се смета за нешто паранормално само по себе, многу луѓе сметаат дека ова е основата за современите теории дека свеста е креативната сила во универзумот.
Јунг бил силно повлијаен од искуство со една пациентка, за време на кое таа раскажувала за нејзин сон во кој ѝ бил даден златен скарабеј. Во тој момент нешто удрило во вратата на неговиот кабинет, и кога тој ја отворил вратата, внатре влетал златен скарабеј. Тој ја фатил бубачката и ѝ ја покажал на неговата пациентка.
2. Волфганг Паули и „макро-психокинетичкиот“ феномен
Волфган Паули бил физичар и ран пионер на квантната механика. Исто така бил приврзаник и на Јунговиот концепт на синхроницитетот.
Најважното во нашава приказна во врска со него е фактот дека Паули станал познат по т.н. „Ефект на Паули“, според кој луѓето можат да влијаат врз електрониката преку некој вид на „макро-психокинетичен“ феномен. Ефектот го носи неговото име бидејќи неколку пати му се има случено да се расипе експерименталната опрема во негово присуство.Се вели дека неговиот пријател, експерименталниот физичар Ото Стерн дури и му забранил да доаѓа во неговата лабораторија од страв да не му ја оштети опремата.
Самиот Паули своите верувања ги искажал на по малку езотеричен начин, велејќи дека верува во „постоење на релативно постојани парапсихолошки содржини кои го надживуваат личното его…Сѐ што можеме е да го набљудуваме нивниот ефект врз другите луѓе, чиешто духовно ниво и личната несвесност суштински влијаат врз начинот на кој тие содржини се манифестираат себеси.“
Во основа, Паули верувал во психокинезата пред на тој феномен да му се даде името.
3. Антропологот Маргарет Мид верувала во натприродни моќи
Маргарет Мид била американски културолог-антрополог којашто за време на поголемиот дел од нејзината кариера пишувала за сексуалните обичаи во општеството. Еден од нејзините најпознати цитати гласи: „Никогаш не сомневајте се дека мала група на промислени и посветени граѓани може да го промени светот; навистина, тоа е и единствениот начин на кој се менувал светот.
Контроверзна на многу начини, Мид исто така била припадник на Англиканската црква и силно верувала во постоењето на натприродни моќи, иако луѓето со такви способности ги нарекувала „високо чувствителни“.
4. Парапсихологијата и Брајан Џозефсон, добитникот на Нобелова награда за физика
Брајан Џозефсон, физичар добитник на Нобелова награда преку четириесет години ги проучувал врските помеѓу мозокот и паранормалното. Неговата контроверзна истражувачка работа задирала во полето познато како парапсихологија.
Тој тврди дека квантната испреплетеност ја остава отворена можноста свеста да влијае врз појавниот свет преку телепатија, телекинеза и трансцедентална медитација.
Следбениците на конвенционалната физика во поголемиот дел ги отфрлаат неговите теории, особено неговите идеи за меморијата на водата и студената фузија.
5. Д-р Фред Алан Волф: преплетувањето на материјата со свеста
Д-р Фред Алан Волф, чијашто работа првично била повлијаена од теориите на претходните експериментални научници Дејвид Бом и Карл Прибрам исто така верува во паранормалните врски помеѓу материјата и свеста. Тој има напишано бројни книги и одржано многу говори и други видови на презентација.
Некои од неговите контроверзни цитати гласат:
Доволно нешта во тоа како е изграден универзумот сочат на присуството на нешто коешто се нарекува душа“.
„Душата, која е безтелесна и според тоа не е ограничена со движењата на појавниот свет, може да се движи побрзо од брзината на светлината…
Така, во времето на смртта, или при искуство блиску до смртта, сосема е веројатно личноста да преминува од појавниот свет – кој функционира со брзини помали од брзината на светлината – во свет кој функционира побрзо од брзината на светлината.
6. Д-р Амит Госвами и „што по ѓаволите знаеме ние?!“
Познат како еден од научниците во филмот „What the Bleep Do We Know!?“ проф. Госвами е теоретичар на квантната физика кој верува дека свеста е основа за сето постоење и дека самиот универзум е свесен за себе. Госвами се смета себеси за „квантен активист“ и има напишано осум книги на таа тема.
Неговото најпознато дело е решавањето на проблемот со мерливоста во квантната физика.
Тој пишува:
„Свеста е основа за сѐ што постои. Во тој поглед, свеста ја наметнува последичноста. Со други зборови, нашата слободна волја е реалност. Кога дејствуваме во светот ние всушност дејствуваме со нашата последична моќ. Ова гледиште не негира дека и материјата има свој каузален потенцијал – не негира дека има каузална моќ почнувајќи од елементарните честички па нагоре, па така постојат причинско-последични односи по нагорна линија – но тоа значи дека мора да постојат и причинско – последични односи по надолна линија. Таа се покажува преку нашата креативност и дејствува какок слободна волја, или кога донесуваме морални решенија. Во такви моменти сме свидетели на причинско-последичните врски од свеста надолу.“
7. Д-р Стјуарт Хамероф и квантната душа
Д-р Стјуарт Хамероф верува во теоријата за Orch-OR (оркестрирана објективна редукција), според која нашата свест се состои од квнатна информација која се чува во микротубули. Кога ќе умреме, според оваа теорија, нашата „квантна душа“ се редистрибуира назад во универзумот.
Хамероф верува дека неговата теорија може да помогне во објаснување на неверојатно честите инциденти од типот „искуства на блиска смрт“ во кои луѓето доживуваат како да ги напуштаат нивните тела откако срцето ќе престане да им чука и кога ќе се вратат во живот, главата им е полна со сеќавања за некој друг свет. Еден од најскорешните такви случаи е искуството на блиска смрт кое му се случило на закоравениот атеист Д-р Ибн Александар.
8. Д-р Ибн Александар и неговиот „доказ“ за постоењето на рајот
Д-р Ибн Александар е една од најконтроверзните фигури на оваа листа и веројатно во многу научни кругови не се смета за еминентен. Тоа што го прави особено интересен за оваа листа е фактот дека се работи за неврохирург.
Тој тврди дека во неговото искуство на блиска смрт го посетил рајот. Неговото искуство е запишано во книгата „Доказ за Рајот“: патувањето на неврохирургот во задгробниот живот“, во која заклучува дека животот не завршува со смртта, дека по неа следува воскреснување на умот во поинаква состојба.
Од критичарите Александар се бранел со следните пишани редови:
„Критичарите цврсто стојат на гледиштето дека моето искуство на блиска смрт, како и на тие пред мене, се всушност мозочни илузии составени заедно од моите синапси откако некако закрепнале од ненадејниот напад кој траеше цела недела. Јас исто така го доживеав и тој транзиционален период, кога мојот ум почна да се освестува: се сеќавам дека имав жив параноичен кошмар во кој мојата сопруга и докторите се обидуваа да ме убијат, и јас бев спасен од сигурна смрт од еден пар нинџи откако бев турнат од шеесеткатна болница за рак во јужна Флорида. Но тој период на дезориентираност и илузија нема ништо со тоа што ми се случи пред мојот кортекс да почне да закрепнува – периодот во кој бев исклучен и не бев способен за никаква свесност. За време на тој период го доживеав истото кое го опишуваат и безброј други луѓе кои минале низ искуство на блиска смрт – преминување во светот кој е отаде појавното и огромно проширување на мојата свесност. Единствената разлика помеѓу моето искуство и искуството на другите е тоа што мојот мозок во основа беше помртов од нивните.“