Ние не можеме ниту да претпоставиме колку од напишаните работи во научнофантастичните книги ќе станат реалност во иднината. Но, очигледно одредени автори имале „тајни сознанија“ за тоа како би изгледал светот денес и предвиделе многу интересни работи.
Крионика
Првите навестувања на теоријата на криониката можат да се најдат во расказот „The Jameson Satellite“, напишан од Нил Р. Џонс во 1931 година. Главниот лик, професор Џејмсон, бара да го однесат неговото тело во орбитата на Земјата во надеж дека ќе остане зачуван таму на температура од апсолутна нула. Сепак, концептот на човечка криопрезервација бил популаризиран дури во 1947 година од страна на американскиот академик Роберт Етингер, кој е познат и како „татко на криониката“.
Лабораториски одгледувано месо
Вештачко произведено месо првпат било споменато во романот за научна фантастика насловен „Две планети“, напишан во 1897 година од Курд Ласвиц. Во неговата книга, „синтетичко месо“ е една од разните видови на синтетичка храна што е воведена на Земјата од страна на Марсовците.
Атомска бомба
Х.Г. Велс во својот роман The World Set Free, предвиде дека рачни гранати со ураниум со бесконечна моќ (што ги нарече „атомски бомби“) ќе уништат голем број животи во иднина. 31 година по објавувањето на неговата книга, вистинска атомска бомба беше лансирана под проектот Менхетен и беше насочена кон Хирошима.
Трка околу нуклеарното оружје
„Решението Незадоволително“ (1941), расказот на Роберт Хајнлајн, ги опишува САД кои развиваат нуклеарно оружје пред остатокот од светот и станале единствена суперсила на нашата планета. Хајнлајн исто така пишува за трката меѓу другите нации за развој на слични бомби. Подоцна, сите овие настани се случија за време на трката за нуклеарно вооружување во Студената војна.
Воден кревет
Роберт Хајнлајн не само што ја предвидел Студената војна, исто така, воениот кревет може да се смета за негов изум! Во неговиот роман „Странец во чудна земја“, напишан во 1961 година, постоел таков детален опис на овој вид кревет дека евентуалниот пронаоѓач имал некои проблеми со патентирањето.
2 месечини на Марс
Во неговиот популарен роман „Гуливеровите патувања“, објавен во 1726 година, Џонатан Свифт тврди дека Марс имал 2 месечини. Тоа се случило 151 година пред да бидат откриени.
Интернет
Во 1898 година, Марк Твен напишал расказ за Лондон Тајмс од 1904 година, за настан кој требало да се случи за 6 години. Приказната се фокусира на криминална мистерија: пронаоѓачот на нов и ветувачки уред наречен Телелектроскоп е убиен. Новиот измислен уред е опишан од авторот како телефон за „неограничено растојание“ кој може да создаде мрежа на светски информации достапни за секого. Тоа звучи многу слично на денешниот интернет.
Антидепресиви
Дистопискиот роман на Алдоус Хаксли „Храбриот нов свет“ го отсликува мрачниот поглед на едно општество управувано од психолошка манипулација. Граѓаните кои се зависни од лекови се потпираат на апчиња за зголемување на расположението наречени „сома“, кои биле создадени за да предизвикаат стабилност и да го намалат бројот на тажните и вознемирените луѓе. Романот е напишан две децении пред првите експерименти со антидепресиви, а Хаксли точно успеал да ја предвиди нивната широка популарност.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.