Годинава е веќе при крај и беше една многу бурна, но и чудна година насекаде низ светот полна со необјаснети настани. Ви пренесуваме осум мистерии од 2014г. кои своето решение ќе го чекаат во некоја од наредните години.
1. Ангелски влакна во Португалија
Овие чудни бели нишки постојано паѓаат во Португалија. Некои влеат дека се работи за обична пајажина која ја собрал ветрот. Други цврсто стојат на тоа дека се работи за празнење од НЛО. Но сѐ уште не е најдено точно објаснување.
2. Карпа на Марс која личи на претседателот Обама
Еден внимателен интернет корисник неодамна невообичаена форма помеѓу карпите кои ги снимил роверот Спирит на НАСА: карпа која личи на Барак Обама. Веројатно се работи само за случајно совпаѓање, но сепак е застрашувачко.
3. НЛО крај Статуата на слободата
Годинава, една жена забележала и снимила неидентификуван објект во небото над Статуата на слободата. Коментаторите на Јутјуб велат дека најверојатно е некаков вид дрон, но кој знае…
4. Од каде дошла водата на Земјата?
Долго време се веруваше дека водата на Земјата ѝ ја подариле кометите. Но при слетувањето на кометата 67Р се откри дека водата која се наоѓа на кометата содржи поголемо количество на деутериум отколку водата на Земјата. Ова води кон претпоставка дека водата дошла од друго место, но од каде?
5. Суштество во Новозеландскиот залив
Некој со остро око ја забележал оваа змијолика форма како плива во залив во Нов Зеланд. Изгледа преголемо за да биде чамец или ајкула, но што е тогаш?
6. Слики со Големото Стапало
Иако Рик Дајер наводно го застрелал Бигфут уште во 2012, фотографиите од неговиот улов ги објави на почетокот од 2014г. Фотографиите изгледаат реалистично, не сѐ уште чекаме потврда од Вашингтонскиот државен колеџ за резултатите од тестирањата на ова суштество. Дали во 2015 ќе се потврди дека е уште една измама.
7. Невестата леш
Во Чихуахуа, Мексико, се наоѓа продавница за невестински фустани со неверојатно убава, а сепак морничава кукла-манекен. Некои веруваат дека куклата всушност е презервирано тело на ќерката на стариот сопственик, којашто починала од убод на пајак на денот на нејзината венчавка. Сегашниот сопственик не дозволува да се допира куклата, ниту да се поставуваат прашања за неа, така што оваа мистерија можеби никогаш нема да се разреши.
8. Малезија Ерлајнс лет 370
Во март годинава, боингот 777-200ER на Малезија Ерлајнс полета од Куала Лумпур, но никогаш не слета на неговата дестинација во Пекинг. Досега сѐ уште не е откриено што се случило со авионот. Можеби 2015 ќе даде одговор.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.