8-ми март, како шо знајме сите, е денот на сите жени низ целиот свет. И толку.
Од година во година и овој празнико се измена. Порано се знаеше, од работа со жените и готово. Пример од Фрижидери кај Кубуро, од Металец кај Трајче Безистен, од Свиларата во Корзо и то е. Ама од ко фати транзицијава, демократизацијата, нема поќе со жените од работа, не дека нема жени, нема работа. Па почнаја да се групират од малата, по роднинска врска, битно си го најдоја чарето. А исто така новитети има шо и овие 14-15 годишниве почнаја по 8-ми март да одат, ама многу успешно се маскират и неможиш да ја познајш, дали е внуката или тетката, ако си некој по матрапас, можиш и условно да попиеш. Едино шо остана непромето е следново:
Кај жените 8 ми март е заокружен со црвено и почнува од 1-ви. Се прат планој посовреме, шетат по бутици 5 дена, на 7-ми се пазари, нокти се прат и сите циркуси, на 8 ми сабајлето фризурата и шминката и кај 2 сато нога за нога сите жени по кафани.
Иако поќе од пола појма немат од шо мака се слави то чудото, ама ќејф на оро шо прат чудо едно, а гледам и онака по олабаени и помаси качени, чочеци ова она.
На 8 ми март можи да се види зошто не е жена сама да ја пуштиш в кафана.
Прво пијат ко последно, ко другио ден да нема 9-ти, а најпоќе то го прат за инает на мажо и на крајо, а се појави камера, наместо да се кријат тие бап прет камера. И после цела недела ко ќе ја вртат на Тера и на Орбис кај шо се глупира таму леле шо напрајв. Е шо напрај баба ми Стојна те тераше таму дојш? Второ не знај бакшижо за на музиката шо го има спремено да го распореди како шо треба. Ќе земи сите пари на една песна ќе ги клај и после ќе нема пари за лотаријата (hahaha). И трето, нај убитачно во цел спектакл, не се живи ако не ги изват чевлите на сред журка. Абе чекај, абе леее…
Како и да е среќен празник на сите жени, со нив тешко, ама без нив уште потешко !!!
Автор: Виктор А.К.А. Башлак