Дури и вашиот партнер да не е човечко суштество, можете да се омажите/ожените со нежив објект како кукла, холограм или душек.

Некои луѓе сериозно решиле да тргнат по тој пат и „судбоносното да“ го кажале на најбизарните работи, од кои некои од нив ги користиме во секојдневниот живот.

1. Дејвид Сикорски и неговата бурито невеста

Еден млад човек по име Дејвид Сикорски од Сан Франциско одлучи да се ожени со бурито: „Тоа е мојата единствена вистинска љубов“. За свршувачката тој дури организирал и романтична фотосесија. Тој признал дека му создава голем стрес фактот што сите околу него се женат и добиваат деца, а тој ја имал само работата. Сега не е сам…

2. Давекат се оженил со кукла

Давекат се запознал со својата сопруга Сидоре Куронеко во 2000 година во клуб. Таа е синтетичка кукла и изгледа како вистинска жена. Тие не се законски венчани, но тоа не им пречи во нивната „среќа“. Давекат се смета за активист за синтетичка љубов. Тој смета дека тој, исто така, има права за својот начин на размислување, како и другите луѓе со алтернативни начини на живеење.

3. Ерика Ајфел се омажи за Ајфеловата кула

Ерика Ајфел е позната по својата љубов кон предмети. Првпат ја запознала Ајфеловата кула во 2004 година. Тоа бил моментот на непосредна привлечност. Во април 2009 година, на втората годишнина од нејзиниот брак со Ајфеловата кула, таа признала дека љубовта кон нејзиниот објект ја осамостоила.

Сега таа има врска со Ленс, нејзиниот натпреварувачки лак кој ѝ помогна да стане стрелец од светска класа.

4. Кевин Надал се оженил со себе

Кевин Надал е автор, активист и професор по психологија кој се оженил со себе. Тој ја објаснува неговата филозофија: „Сум присуствувал на најмалку десетина свадби, и купив тони подароци за тие двојки. И не ме сфаќајте погрешно, среќен сум што го правам тоа. Но, почнав да размислувам: ние секогаш го прославуваме брачниот живот, зошто не и самиот наш живот.“

5. Трејси Емин се омажи за камен

Британската уметница Трејси Емин се омажила за камен. Овој настан се случил во нејзината градината во Франција.

6. Јапонец се оженил со холограм

Иднината дојде. Акихико Кондо се оженил со холограм. Ова изгледа како фантастичен филм каде што еден херој се буди секој ден со виртуелна сопруга која го потсетува на неговиот распоред и му кажува за прогнозата.

Но, ова е реално! Свадбата на Кондо беше во ноември 2018 година и не е правно признаена. Тоа предизвика многу реакции во Јапонија и во странство.

7. Паскал Селик се омажила за својот душек

Таа е убедена дека, за среќа, не мора да бидете во врска со човечко суштество. Тоа не е неопходно: „Не е важно дали сте сами на Денот на вљубените, бидејќи можете да уживате само да имате ден на душекот“.

8. Арон Червенак се оженил со неговиот паметен телефон

Во нашиот современ свет, може да кажеме дека сите имаме врска со нашите телефони. Но, Арон Червенак реши да ја направи оваа изјава официјална: „Ако ние ќе бидеме искрени со самите себе, ќе се поврземе со нашите телефони на толку многу емоционални нивоа“.

9. Џоди Роуз од Австралија се омажила за мост

Џоди се омажила за мостот Ле Понт ду Дибел јужна Франција во 2013 година. Таа се заљубила во камената структура од 14-тиот век додека патувала низ земјата.

Сподели на Facebook
пати видено