Можеби верувате дека љубовта е нешто што се случува. Но, вистината е, има многу изненадувачки фактори што можат да го надминат балансот кон „да“ или „не“ – од држење чаша топло или ладно кафе, па сè до барање мала услуга.
Да се биде свој е секогаш најдобра стратегија, но ако сметате дека вистинската личност е пред вас можете да си ги зголемите шансите со неколку психолошки трикови. Да ја користите науката во корист на љубовта не е ништо лошо.
8. Одете на „топол состанок“
Истражувачите откриле дека привлечноста може да биде поврзана со температурата. За време на експериментот, учесниците држеле ладни и топли пијалоци додека разговарале со група луѓе. Оние кои држеле ладни пијалоци ги опишувале како ладни и далечни, додека оние со топли пијалоци сметале дека соговорниците се добри и топли личности.
7. Внимавајте на зборовите кога опишувате други луѓе
Студиите покажуваат дека сè што ќе кажете за другите луѓе влијае на тоа како луѓето ве гледаат. Овој ефект се нарекува спонтано пренесување на особини и функционира дури и ако луѓето знаат со сигурност дека некои особини не ве опишуваат. Затоа е подобро да избегнувате да зборувате за луѓе што не ви се допаѓаат или да ги истакнувате нивните негативни страни. Фокусирајте се на позитивните и најдете нешто за комплимент.
6. Бидете страница 25
Сите луѓе се љубопитни до одреден степен, но студиите потврдуваат дека желбата за истражување е поголема кај мажите. Бил спроведен експеримент во кој на првата страна од книгата пишувало да не се гледа разрешувањето на 25-тата страна. Најголем дел од мажите, за разлика од жените погледнале на таа страна веднаш штом ја купиле книгата.
Овој факт е во корист на жените. Ако можат да се покажат како мистериозни и посебни (како страница 25 во горниот експеримент), не би било многу тешко да се добие вниманието што го сакаат.
5. Повторувајте го името на личноста која ви се допаѓа
Луѓето се чувствуваат важни и ценети доколку за време на разговорот го кажувате нивното име.
4. Следете го триаголникот
Можеби веќе сте слушнале дека силниот контакт со очите може да го зголеми нашиот шарм и да нè направи повеќе пријателски и посакувани. Но, како овој поглед да биде привлечен, а не нападен? Замислете си превртен триаголник како на сликата. Застанете на секоја точка за 5-10 секунди на почетокот на разговорот.
3. Купете мал подарок за себе
Ако сакате да подготвите мало изненадување на личноста која ви се допаѓа купете го истиот подарок и за себе. Студиите покажуваат дека луѓето се чувствуваат поблиски со другите ако добиваат подарок што нивните партнери исто така го купиле за себе. Во експериментот луѓето кои дале подарок со белешка на која пишувало: „Се надевам дека ти се допаѓа си земав исто и за мене.“ се сметале за попривлечни од оние со неутрални пораки.
2. Побарајте мала услуга
Овој психолошки трик е познат како ефект на Бенџамин Френклин. Тој значи дека ни се допаѓаат луѓето за кои правиме убави работи. Клучна точка е да побарате нешто за што нема да треба многу време и напор – на пример, да ви се отвори вратата или да ви подаде нешто.
1. Помогнете си да се чувствувате привлечно
Да, знаеме дека е важно да се чувствуваме привлечно. Слушнавме и дека ја зголемува нашата самодоверба. Некои од нас ја облекуваат својата најдобра облека или се обидуваат да ги импресионираат своите партнери со нешто друго. На пример мажите најдобро е да носат нешто сино на состанокот, истражувањата покажуваат дека жените ги привлекува таа боја.