Малата Сага Ванечек, со своето семејство, отишла на езерото Видетерн во Шведска. Вадејќи камења од езерото, таа нашла чуден предмет, што веднаш им го однела на своите родители.

Нивото на водата во езерото во текот на изминатата година во голема мера се намалило, па девојчето лесно можело да вади камчиња од дното. Под камењата на дното на езерото, цели 1500 години лежел овој предмет. Предметот се испостави дека е меч кој датира од петтиот или шестиот век од н.е., уште пред времето на Викинзите.

Сега мечот е во рацете на археолозите кои ќе се обидат да дознаат повеќе информации за него.

Сподели на Facebook
пати видено