Џејк Вела од Малта, страда од ретко хормонално пореметување кое предизвикува тој постојано да се дебелее и покрај неговата физичка активност. Познато како ROHHAD, тоа е редок синдром кој влијае на автономниот нервен систем и ендокриниот систем.  Луѓето со оваа болест можат да покажуваат симптоми како: бавно чукање на срцето, прекумерно потење, проблеми со поднесување на  јака светлина и постигнување нормалната рамнотежа на водата во телото. Докторите се сомневааат дека тој ќе ја доживее својата 20 година.

Во обид да остане жив, тој се натпреварува во триатлони. Состојбата може да доведе и до развој на одредени тумори, во неговиот случај, тој има зачеток на тумор на грбот.

 

Тој засега води активен живот, покрај училиштето, вежба на тапани и тренира во  Здружението за млади триатлонци на Малта. Тука се вклучени спортови како пливање, возење велосипед и трчање.  Сите негови соученици и спортисти кои активно тренираат со него му помагаат тој да се чувствува добро, иако тој се однесува како и сите деца. Неговата мајка, Марушка се надева дека со напорни вежби тој ќе може да продолжи со животот.

Сподели на Facebook
пати видено