Палминото масло е многу штетно, мононатриев глутамат предизвикува зависност, компирот треба да биде целосно отстранети од нашата исхрана – овие се нештата кои често ги слушаме од време на време.
Лате има помалку кофеин од еспресо
Многу луѓе се убедени дека еспресото содржи најмногу кофеин поради силниот вкус. Но, не е така, количината на кофеин во лате, капучино и еспресо е иста и зависи од брендот на кафето.
Овошјето и слатките треба да се јадат само за десерт
Нутриционистите не се сложуваат со оваа теорија. Овошјето може да се јаде за појадок или како ужина во попладневните часови, додека слатките е најдобро да се јадат наутро за да може да се истроши енергијата од шеќерот. Се препорачува да не се јадат слатки по ручекот.
Мононатриев глутамат е опасен за вашето здравје
Мононатриев глутамат е еден од најраспространетите адитиви во светот. Формулата за него била измислена во Јапонија во 1908 година и се прави од морски треви. Тој ги содржи истите состојки кои ги има и во пиперки, патлиџани и сл. Предизвикува нашите пупки за вкус да работат поинтензивно и така произведувачите го користат за да ги „измамат“ потрошувачите дека производот е вкусен. Единсвениот ризик кој го носи овој производ е да претерате со јадење.
‘Ржениот леб е поздрав од белиот
Многу луѓе сметаат дека за да ослабнат треба да јадат само ‘ржен леб, бидејќи содржи помалку калории. Но, калориите во црниот и белиот леб се скоро исти. Разликата е во тоа што ‘ржениот леб содржи повеќе хранливи состојки и е поздрав, а белиот полесно се вари во желудникот.
Маслиновото масло е поздраво од сончогледовото масло затоа што го забрзува метаболизмот
Експертите тврдат дека секое масло е здраво доколку се консумира во нормални количини, не повеќе од 30гр дневно.
Тестенините и компирите ѝ штетат на формата на телото
Сѐ зависи од подготовката на храната. Компирите содржат повеќе хранливи состојќи и 100 гр печен компир содржат 80 калории, додека помфрит во иста количина содржи 317 калории. Кај тестенините работите се поинакви. На пример 100 гр фиде содржи околу 114 калории, додека тестенините од тврда пченица во истата колчина содржат 230 калории, а од друга страна пак, овие тестенини содржат и хранливи состојки.
Палминото масло е штетно
Се верува дека палмитинска киселина која ја содржи палминото масло е штетнта затоа што го зголемува „лошиот холестерол“. Но, маслото исто така содржи олеинска киселина што ја неутрализира можната штета направена од палмитинската киселина и затоа, на крајот, палмовото масло не влијае на метаболизмот или на холестеролот.
Не треба да намалите со вашата омилена храна за да изгубите тежина
Многу често, со желба да изгубиме некој килограм, ние започнуваме да се држиме до добро избалансирана исхрана која содржи само здрави елементи и забораваме да го провериме бројот на калории што ги даваат. Некои производи кои се сметаат за здрави содржат ист број на калории како некои „нездрави“ производи. На пример, неколку бадеми содржат 188 калории, додека истиот број на калории содржи и истата количина на „Бони Топ“ или слични слатки.