Архитектурата во последно време ретко излегува од вообичаената рутина. Куќите претежно изгледаат исто или со мали разлики, а истото се однесува и за општествени згради како болници, претпријатија и сл. Но, од време на време ќе се најдете лице в лице со нешто навистина уникатно.

Овие градби од целиот свет ја отсликуваат креативноста која можат да ја достигнат архитектите (за добро или за лошо) ако само малку се обидат да размислуваат поинаку.

1. Живите мостови во Черапунџи

 zg01

Овие мостови во селото Черапунџи во Индија добро им служат на локалните жители за време на обилните дождови. До ова уникатно решение дошле луѓето од племето Касис, создавајќи системи за насочување на корењата на каучуковиот фикус кој расте насекаде низ земјата.

2. Нит Вит Риџ

zg02

Лоцирана во Камбрија, Калифорнија, оваа куќа ја докажува поговорката „тоа што за еден е ѓубре, за друг е богатство.“ Откако го откупил земјиштето по цена од 100 долари, Артур Бил потрошил педесет години употребувајќи само рачни алати за да го создаде неговиот совршен дом. Триесет години работел како собирач на отпад, но го отпуштиле бидејќи повеќе се сосредоточувал на тоа да најде нешто што би го однел дома, отколку да го собира и исфрла ѓубрето.

3. Спирална шума (Waldspirale)

056hrf_Hundertwasserhaus Darmstadt

Австрискиот уметник Фриденсрајх Хундертвасер навистија ја мразел симетријата. Правите линии ги нарекувал „инструмент на ѓаволот“. За време на седумдесеттите се заинтересирал за архитектурата критикувајќи ја ускратената можност аматерите повеќе да ги применуваат своите знаења во пракса. Своето богатство го искористил за рактично да создаде џиновска верзија на неговата уметност, вклучувајќи ја и уникатната станбена зграда во Дармштад, Германија во која нема два слични стана.

4. Капсуларната кула Накагин

zg04

440px-Nakagin_Capsule_Tower_03

Изградена во 1972г. како дел од поствоената „метаболизам“ архитектура, секоја капсула во зградата претставува стан. Првичната целна за ваквиот тип на згради биле ергените во Токио, но ваквиот дизајн се покажал непрактичен и оттогаш зградата останала запуштена.

5. Идеалната палата

zg05

Се наоѓа во Отрив, Франција. Оваа „идеална палата“ навистина изгледа како да е дело на врвен мајстор. Но и најситните детали во неа се дело на еден обичен поштар. Почнувајќи од 1879г. Фердинан Шевал успеал да го заврши неговиот „направи сам“ проект за вкупно 34 години.

6. Гејт Тауер Билдинг

zg06

Кога сопствениците на земјиштето решиле да подигнат зграда на местото кое претходно од владата било маркирано за изградба на пат, успеале да изготват компромисен дизајн. Зградата била изградена со ефикасна звучна изолација, а лифтовите не застануваат на четирите ката кои се зафатени од тунелот. Заборавивме да кажеме дека кулата се наоѓа во Осака, Јапонија.

7. Најмалата куќа во Велика Британија

zg07

Со нецели два метри должина и нешто повеќе од три метри височина, ова малечко живеалиште било населувано од 16. век се до 1900г. кога и последниот жител ја напуштил. Се наоѓа на кејот на Конви, Велс, и се чува како туристичка атракција. Нејзиниот дизајн датира од средновековието кога помеѓу куќите бил оставан мал простор во кој можел да помине само еден човек.

8. Најмалиот облакодер во светот

zg08

Според преданијата, оваа скромна четирикатна зграда била резултат на некои прекумерната амбиција на некои нафтени магнати. По огромниот успех во Вичита, Тексас, инвеститорите сакале да отворат тргивски, и им се допаднала идејата за облакодер. Но набргу сфатиле дека размерот на скицата бил во инчи, а тие мислеле дека е во стапки. Но, веќе било доцна, бидејќи градбата била речиси завршена, а дизајнерот Џ.Д. Мекмахон кој им го продал дизајност се изгубил без траг и глас.

Сподели на Facebook
пати видено