Една од најтрагичните мистерии во историјата на морепловството е кога брод ќе исчезне без траг, но уште поужасно е кога бродот ќе се најде, а целиот екипаж ќе исчезне. Дали бура го соборила сиот екипаж во морето, или нешто многу позлокобно. Еве листа на бродови кои биле најдени, а нивниот екипаж исчезнал без траг.

Марлборо

br01

Се смета дека британскиот трговски брод исчезнал во 1890 година, но во 1913 година во еден сингапурски весник било известено дека Марлборо бил забележан во близина на Чиле од страна на бродот Џонсон. Весникот известил дека Џонсон видел мистериозно зелено светло кое ги одвело до Марлборо. Кога се качиле на палувата, откриле дека од целиот екипаж останале само костури.

СС Ел Фаро

br02

СС Ел Фаро испловил од Џексонвил, Флорида, на 30 септември 2015 година и се упатил кон Порторико. Следното утро, ураганот Хоакин нараснал до трета категорија и бродот бил голтнат. Неколку дена подоцна биле најдени остатоците од бродот, но од 33-члениот екипаж не бил најден ниту еден човек.

Марија Целеста

br03

Во декември 1872 година, канадскиот брод Деи Гратиа го забележал американскиот трговски брод во близина на португалските Азорски острови. Кога бродот се приближил, тие дознале дека Марија Целеста била целосно напуштена, и покрај тоа што бродот бил во добра состојба. Дури и личните предмети останале недопрени. Теориите за исчезнувањето на екипажот варираат од тоа дека за тоа се виновни луѓето од Деи Гратиа, до тоа дека бил грабнат од вонземјани. Дури и мајсторот за мистерии Артур Конан Дојл, авторот на Шерлок Холмс, напишал кратка приказна за тоа.

МВ Таи Чинг XXI

br04

Во 2008 година бил најден 50-тонски рибарски брод во близина на Кинбати во Тихиот Океан. Било очигледно дека бродот настрадал од пожар и сите чамци за спасување биле употребени, а сепак не бил најден никој од 29-члениот екипаж.

Керол А. Диринг

br05

Изграден во 1919 година во Мејн, Карол бил едреник со пет јарбола. На своето последно патување до Бразил имало проблеми меѓу екипажот. Кога се закотвиле на Барбадос да се снабдат со намирници, го слушнале надзорникот како се заканува дека ќе го убие капетанот.Морнарот бил уапсен, но капетанот му простил, го ослободил и бродот испловил. Еден месец подоцна, бродот бил забележан од еден стражар во светилник, кој кажал дека мистериозен морнар со странски акцент му кажал дека бродот ги загубил своите сидра. Неколку дена подоцна, бродот бил виден како плови крај брегот на Кејп Хатерас, но кога се качиле на палубата, немало ниту траг од екипажот.

Каз II

br06

Кога Каз II бил најден како бесцелно плови на 141 километар од брегот на Австралија во 2007 година, моторот сѐ уште бил активен, на масата имало поставена вечера и појасите за спасување биле на своето место. А сепак, немало ниту траг од трите членови кои го сочинувале екипажот. Уште почудно е тоа што била најдена снимка на која мажите се гледале како се опуштаат на бродот додека тој се наоѓал во близина на брегот.

Бел Амика

br07

Италијанската крајбрежна стража била особено зачудена кога крај брегот на Сардинија била најдена Бел Амика, сосема празна. Бродот никогаш не бил регистриран во Италија, ниту во било која друга земја. Единственото нешто според кое можел да се идентификува бродот била плочата „Бел Амика“, кое на италијански значи „Убава пријателка“. Се испоставило дека бродот е во сопственост на човек по име Франс Руеру од Луксембур. Не го регистрирал бродот за да избегне плаќање на данок.

ХМС Резолјут

br08

Наводно опремен за арктичката тундра, во 1854 овој брод заглавил во ледот. Екипажот го напуштил броот и тој останал таму сѐ додека еден брод на китоловци не го извлекол. Така, бродот на Британската кралска морнарица се вратил дома. Интересно е тоа што дрвото од остатоците на овој брод било искористено за бирото кое го користат американските претседатели.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено