79-годишен човек од Филаделфија кој отслужил 60 години затвор за злосторство кое го извршил кога имал 16 години ја одбил можноста веднаш да биде условно пуштен на слобода – инсистирајќи дека заслужил да биде целосно ослободен. Џозеф Лигон е најстариот човек кој како малолетник добил доживотна казна затвор поради тоа што пред 63 години во Филаделфија избодел двајца. Исто така, тој одлежал најдолго од сите малолетници кои добиле доживотна казна.
Сепак, врховниот суд на САД кој усвоил ретроактивна забрана за доживотна казна затвор без можност за помилување за малолетните прекршители му понудил начин да излезе на слобода. Во сослушувањето Монтгомери против Луизијана, судот усвоил дека доживотното осудување на малолетниците без можност за помилување го прекршува осмиот амандман на американскиот устав, кој забранува сурова и невообичаена казна. Оваа одлука била причина за преразгледување на казните на околу 300 затвореници во Филаделфија.
Но, кога на Лигон му пристапиле со договор со кој и тој би можел да се најде условно на слобода, тој го одбил тоа.
„Неговото гледиште е: тој е доволно долго в затвор“, вели Бредли Бриџ, неговиот бранител. „Тој не сака никаква условна казна. Тој само сака да биде ослободен.“