Откако неодамна излезе веста за девојчето кое го носи нејзиниот неподвижен брат на училиште, се појави уште еден таков херој. 76-годишна старица од Кина поминува 24 километри на ден, само за да го однесе нејзиниот внук на училиште. Ши Јујинг четири пати дневно го поминува истиот пат, за да го однесе и да го врати 9-годишниот Јианг Хаовен во училиште, во руралната провинција Гуангкси во јужна Кина.
Бабата со многу силна волја која е единствениот негувател на момчето изјавила: „Сè додека имам сила, ќе продолжам.“ Хаовен страда од церебрална парализа, состојба на мозокот која влијае врз движењето и координацијата. Тој не може да оди самостојно и да има потреба од целодневна грижа. Родителите на Хаовен се развеле кога имал четири години.
Неговиот татко сега работи во друг град за да може да го издржува семејството, а мајка му се премажила. Старицата првин користела велосипед за да го носи нејзиниот внук на училиште. Но минатата година локалната власт му обезбеди на семејството инвалидска количка како олеснување. Оттогаш бабата на Хаовен ја користи количката за да го турка внукот до училиштето и назад. Таа го прави ова веќе четири години.
Ши Јујинг сепак вели дека ова не го смета за товар и сака да му помага на внучето, за кое изјавила дека е особено добро во математиката и има одлична меморија. Освен тоа што го носи а училиште, Ши се грижи и за останатите потреби во животот на Хаовен.