Сер Мик Џегер повторно ќе стане татко, и тоа на 72 години. Рокерот од Ролинг Стоунс – кој веќе има седум деца од претходните врски – ќе го дочека раѓањето на неговото прво дете со 29-годишната американска балерина Мелани Хамрик во јануари 2017 година.
Портпаролот на Мик Џегер ја потврдил веста, велејќи за Мелани:
„Таа е многу бистра, интелигентна, жива и знае што сака да прави во животот. Таа знае колку се добри односите на Мик со сите негови деца и едвај чека да го види пак како татко.“
Мик и Мелани првпат биле забележани заедно во јули 2014, кога биле видени како се милуваат на балкон во неговиот хотел во Цирих. Мик има четири деца со бившата партнерка Џери Хол, која сега е мажена за медискиот могул, 85-годишниот Руперт Мурдок. Со 71-годишната Бјанка Џегер, Мик има една ќерка, а исто така и со пејачката Марша Хант, додека со бразилската манекенка Лусијана Гименез Мора има син.
Мик Џегер неодамна стана прадедо, но ете, слободно може да се каже дека е сѐ уште активен маж.