Брачен пар во 7-мата деценија од животот кој наводно „многу сакал“ да патува бил фатен како дел од голема криминална мрежа.

За да биде ситуацијата уште поневообичаена ова не им било прв пат да се впуштат во нелегалните води. Пензионираните „Бони и Клајд“ заработувале за живот како шверцери на дрога.

72-годишниот Роџер Кларк, поранешен камионџија и неговата сопруга 70-годишната Су, од Англија, минатата недела биле фатени како шверцуваат кокаин на Карипскиот брод за крстарење Марко Поло, додека бил закотвен во Лисабон, Португалија. Тие се обвинети за шверц на 9 килограми кокаин, скриени во лажно дно на нивните куфери. Ова не било првото крстарење на парот бидејќи тие крстареле 6 пати во годината и не се знае колку дрога имаат пренесено.

Сепак ова не било прв пат парот да учествува во ваков тип на органзииран шверц на дрога. Пред неколку години тие „патувале“ низ Европа со својот автомобил и на тој начин шверцувале марихуана од Велика Британија до Норвешка. Марихуаната била скриена во вратите на нивниот стар автомобил, а вкупната вредноста на сета прошверцувана марихуана изнесувала над 1 милион евра.

Кога ги фатиле во Норвешка Роџер добил 5 години затвор, а неговата сопруга 4 години. Штом се вратиле во Англија ги смениле своите имиња, а на роднините и блиските пријатели им кажале дека завршиле во затвор поради шверц на тутун.

Сподели на Facebook
пати видено