Бабата од градот Кириши во Ленинградскиот регион, цел живот штедела и заштедила околу 9000 евра, а сакала да ѝ купи стан на внуката во Санкт Петербург. Така бабата смислила ни на филм невиден план, како да ја удвои својата заштеда, ограбувајќи ја банката.

Бабата нашла двајца соучесници: една мајка која работела како благајник во банката, и 21-годишниот син на еден пријател, кој требало да глуми разбојник. Всушност, момчето требало да се преправа дека ја ограбува банката и благајничката требаше да му ги даде сите 9.000 евра од сметката на пензионерката.

Но, целиот план за грабеж очајно пропаднал речиси веднаш откако младиот човек ја напуштил филијалата на банката. Тој истрчал од банката со парите, ја соблекол фантомката и избегал. Минувачите веднаш го идентификувале, а полицијата набрзо потоа го уапсила.

Сега сите учесници на грабежот се ослободени со кауција, а против нив се води кривично дело со можна казна затвор до 7 години.

Сподели на Facebook
пати видено