Камионџија од Пакистан, Абдул Мајет Менгал тврди дека е татко на 54 деца од 6 жени, а неговото оправдување е дека кога бил помлад “морал да има секс еднаш дневно”.
Иако 12 од неговите деца починале, сеуште има 22 сина и 20 ќерки. Абдул вели: “Кога бев помлад имав многу повеќе сила и морав да имам секс еднаш дневно. Но некои од моите деца починаа. Работев напорно и обезбедив добро образование за најстарите синови. Но сега сум стар и таа обврска повеќе не е во мои раце.”
Тој со првата сопруга се оженил на 18 години, а подоцна и со други 5. Две од неговите 6 жени починале. “Бебињата не добиваа доволно млеко, а јас немав пари и затоа починаа”, признава Абдул. “Една од моите сопруги почина заедно со нашето бебе, беше болна а јас немав пари за лекување.”
Најстариот син на Абдул има 32 години, кој исто така работи како камионџија. Абдул и неговиот најстар син се единствените кои што заработуваат во семејството и со нивните плати го прехрануваат скоро 50-членото семејство. Оваа големо семејство живее во куќа со седум мали соби.
На Пакистанските мажи им е дозволено да имаат до 4 жени, но за дозвола мора да ја прашаат првата жена. Повеќето активисти тврдат дека сите жени и деца страдаат во овие полигамни бракови. Абдул тврди дека тој одвојува време за сите негови 42 деца и дека заедно со сопругите оди на семејни собирања каде што се дружи со нив. Повеќето од неговите деца имаат под 10 години, а неговата најмала ќерка, Биби Зејнеп има 2 години. Тој инсистира сите да живеат во хармонија.
Семејството најчесто јаде зеленчук и Дал со ориз, а во посебни пригоди Абдул купува 3 кози и семејството тоа го смета за гозба. Иако е веќе стар Абдул одбива било каква социјална помош.
Популацијата на Пакистан изнесува 194,9 милони жители и наводно ја има највисоката стапка за наталитет во Јужна Азија.