Пред да наполни 13 години, Гавин де Бекер претрпел безброј тепања, гледал како неговата сестра е подложена на истото тоа злоставување, и бил сведок кога неговата мајка зависничка од хероин се обидела да го застрела неговиот татко. Но, наместо како возрасен и самиот да се сврти кон насилството, Де Бекер ги искористил своите ужасни искуства од детството за да успее да стане еден од врвните експерти во поглед на тоа како да се предвиди и по можност да се спречи насилството и злосторничките дејства.  Иако во текот на својата успешна кариера напишал четири книги, Де Бекер е најпознат по неговиот бестселер „Подарок на страв“ во кој ги опишува седумте знаци по коишто можете да препознаете кога некој се обидува да ве контролира. Било да се работи за измамник кој сака да ви истргне пари или за насилен злосторник кој ви намислил нешто уште полошо, според овие седум знаци би можеле да препознаете предатор.

1. Наметнато здружување

iz01

Де Бекер смета дека ова е една од најсофистицираните манипулации. Можете сосема јасно да ја препознаете кога непознат човек често ги употребува заменките „ние“ и „нас“ и изрази за множина во реченици како: „Сега успеавме“ и „Ние сме вистински тим“. Злосторниците ја користат оваа техника со цел да им се доближат на нивните жртви создавајќи илузија дека се на иста страна и во иста положба. Покрај тоа, тие сметаат на фактот дека повеќето луѓе нема да одбијат вакво нешто не сакајќи да испаднат непристојни.

2. Привлекување на внимание преку навреда

iz02

За целосно да привлачат нечие внимание, измамниците и манипулаторите често упатуваат некоја ситна навреда, која жртвите треба да ги натера да се бранат и да докажат дека не се такви, со што само паѓаат во нивната стапица. На пример, човек ќе ѝ каже на некоја жена дека таа е премногу голем сноб за да разговара со него, очекувајќи дека таа ќе почне да му се правда дека не е така и на тој начин ќе воспостави контакт со неа. Најдобриот начин да се одбраните од ова е да игнорирате.

3. Шарм и љубезност

iz03

Шармот секогаш е средство кое луѓето го користат за да остварат некоја цел. Повеќето шармери не се закана, но многу криминалци ќе го употребат својот шарм со зла намера. Добра одбрана во овој случај е да се научите да разликувате кога некој упорно се обидува да ве шармира и кога некој по природа е таков.

4. Премногу детали

iz04

Секој измамник, ситен или крупен, се потпира на едно нешто: да ви го одвлече вниманието од очигледното. Де Бекер вели дека злосторниците често премногу предолго разговараат со нивните жртви, споделувајќи премногу непотребни детали за лажни искуства со цел да им го одвлечат вниманието.
„Кога луѓето ја кажуваат вистината, тие не се чувствуваат несигурно и осомничени, па така не чувствуваат за дополнителни детали кои би го засилиле нивниот исказ. Од друга страна, кога луѓето лажат, иако тоа вам ви се чини веродостојно, не им се чини недостојно на нив, па затоа постојано зборуваат“, вели Де Бекер.

5. Небарани ветувања

iz05

Секогаш имајте сомнеж кога некој ќе каже „ветувам“. Ветувањата најчесто се празен говор, чијашто цел најчесто е да ве убедат во нешто со крајна цел.

 

6. Намамување преку должништво

iz06

Измамниците ќе се обидат да ве направат нивни должници. Ќе сторат нешто за вас, ќе ви помогнат во нешто ситно, очекувајќи за возврат поголема услга. Повеќето луѓе не се криминалци и можеби едноставно сакаат да помогнат, но кога некој ќе ви понуди помош, верувајте ѝ на вашата интуиција и внимавајте дали намерите на луѓето околу вас се искрени.

7. Го игнорираат зборот „не“

iz07

Де Бекер смета дека игнорирањето на зборот „не“ е најпрепознатлив знак според кој треба да знаете дека на таа личност не треба да ѝ верувате. „Неприфаќањето на не како одговор е знак дека некој сака да воспостави контрола или одбива да ја испушти од своите раце“, пишува Де Бекер, додавајќи: „Ако му дозволите на некој да ве лиши од зборот `не`, би можеле и да си ставите знак на челото кој гласи: Јас сум под твоја власт.“

Сподели на Facebook
пати видено