Дури и пред да почнеме да зборуваме, новиот познаник веќе решава во себе дали му се допаѓаме и за што сме способни. И тоа се случува потсвесно, понекогаш помалку од една секунда. И да се промени оваа прва пресуда ќе биде исклучително тешко.
Еве какви заклучоци донесуваат луѓето во првите секунди од запознавањето.
1. Може ли да ви се верува
На нашиот мозок му е потребна само 0,1 секунда за да процени дали треба да му верува на некој непознат. Научниците од Универзитетот Пристон го утврдија ова во необичен експеримент. Првата група учесници погледнале фотографии од непознати по само 0,1 секунда, а за втората група, времето за гледање на истите фотографии било неограничено. Двете групи избирале на која личност може да ѝ се верува, а на која не. Изненадувачки, изборот на првата и втората група се совпаднал.
Заклучокот е едноставен: немате време да ја отворите устата, а вашиот нов пријател потсвесно веќе утврдил дали тој ќе ви верува.
2. Колку сте достапни
Непријатни вести за љубителите на тетоважи. Студентка на Универзитетот во Тексас, Лиза Окс, во едно истражување заклучила дека жените со тетоважи се сметаат за подостапни(развратни), склони кон чести промени на партнерот и секс за една вечер. Но, за мажите со тетоважи, луѓето не мислат така.
3. Дали сте склони да бидете лидер
Добра вест за ќелавите мажи: Тие важат за успешни личности кои знаат како да управуваат со тимот. Ова беше откриено од страна на научниците од Универзитетот во Пенсилванија. На учесниците во експериментот им биле покажани мажи со и без коса. Учесниците сметале дека ќелавите е похрабри, доминантни, високи и силни. Точно, тие изгледале постари од нивната вистинска возраст, околу 4 години.
4. Колку сте успешни
Доколку сакате да оставите впечаток на успешна личност носете костум кој одговата на вашето тело, а за тоа најдобро е да го сошиете. До таков заклучок дошла група научници од Велика Британија и Турција.
Исто така е интересно што на жените во кратки здолништа и блузи со длабоко деколте гледа како соработници со понизок статус од оние дами кои строго се придржуваат кон кодексот на облекување и носат затворена облека.
5. Колку сте самоуверени
Одредени заклучоци за вас ќе бидат направени откако ќе се ракувате со нов познаник. Оптимално ракување, според психолозите е умерено силно, не премногу брзо или пролонгирано и да гледате во очите на соговорникот. Ако сакате да покажете специјално расположение и доверба, фатете ја раката на соговорникот и ракувајте се со двете раце.
6. Колку сте совесни
Степенот до кој вашите чевли се чисти и уредни може да влијае на вашата кариера, па дури и на вашиот личен живот. „Ако на првиот состанок видам дека човекот има валкани чевли, тогаш нема да го видам повторно. Ако не може да се грижи за чевлите, тој едвај ќе се грижи за мене. На состанокот со новите деловни партнери ги оценувам нивните чевли и сфаќам дали вреди да соработувам со нив.“, вели Фејт Еџугу, директорка на модната агенција во Сиднеј. Чевлите можат да кажат многу за нашата возраст, социјален статус, ниво на приход, па дури и емоционална стабилност.
7. Колку сте склони кон авантура
Луѓето не го ценат само вашиот изглед, туку и начинот на кој се движите. На Универзитетот во Дурам, бил спроведен следниот експеримент: на студентите им биле прикажани кратки видеа, каде што било видливо само одењето на еден човек, и побарале да ги именуваат неговите лични квалитети.
Според мислењето на оние кои учествувале во експериментот, „енергичното“ одење зборува за екстраверзија, тенденција за авантура и целесообразност. Таквите луѓе секогаш ги постигнуваат своите цели, но понекогаш изгледаат ладни и непристапни. Значи, ако одите многу брзо, понекогаш вреди да успорите и да се прилагодите на темпото на соговорникот.