Најчесто во филмовите давениците врескаат и ги креваат рацете додека се дават. Овој неточен стереотип е прилично опасен затоа што луѓето не можат да забележат кога некој навистина се дави во водата.
Значи, често родителите мислат дека нивното дете само се игра, скока во вода, додека тоа почнува да тоне на само неколку метри од нив.
Знаци кои ќе ви покажат дека некое лице се дави
- Човекот се обидува да остане исправен. Неговите нозе се речиси неподвижни и неговите раце се хоризонтални на страните.
- Устата е на линијата на водата. Од време на време лицето се појавува над површината за да вдише воздух и повторно се „крие“.
- Дишењето е плитко и наизменично. Човекот се обидува да фати воздухот со устата и не ја проголта водата.
- Движењата не се координирани: лицето се обидува да плива, но не се движи; се обидува да се врати назад но тоа е исто така безуспешно; движењата наликуваат на обидите да ја „фати водата“.
- Очите се затворени, или лицето гледа во една точка со празен, „стаклен“ поглед.
- Тој не одговара на прашањата: во тие кратки моменти кога главата е над водата, лицето има само време да издише и повторно да вдише воздух. Вкочанетоста и стравот доведуваат до фактот дека тој се дави, а не може да привлече внимание.
Како да постапите доколку сфатите дека на дете или возрасен му е потребна помош
1. Не брзајте да скокнете во водата, ако длабочината е голема
Позиционирајте се на работ на водата и пружете рака или ако е подалеку некој прдмет (крпа, гранка, облека). Така ќе се заштитите себе и ќе спасите живот на некоја личност.
2. Користете јаже
Ако некој се дави подалеку од брегот фрлете јаже, а уште подобро прицврстете на јажето гума за спасување или друг пловечки објект. Внимавајте добро да го фрлите јажето. На овој начин побрзо ќе ѝ помогнете на личноста отколку да губите време и самите да пливате до истата.
3. Носете со вас средство за спасување
Ако не можете да помогнете, останете на брегот, исто така, користете алатка за спасување, не дозволувајте и вас да ве удави лицето кое се дави. Не го испуштајте од вид лицето кое го спасувате водата може да го однесе во спротивен правец додека да стигнете до него.
4. Грбот на лицето кое го спасувате нека биде свртен кон вас
Не треба да дозволите лицето да ги стави рацете околу вас бидејќи освен што треба да го спасите треба и вие да останете живи, зарем не? Најдобро е да го фатите давеникот со едната рака со грбот свртен кон вас, а тој да го фати задниот дел од вашата рака.
5. Проценете ја состојбата на лицето и започнете со реанимација
Ако жртвата не дише има повраќаница на устата, а кожата има сина боја свртете ја главата настрана и извадете ја повраќаницата, а потоа отстранете ја водата од белите дробови. Ова ќе го направите така што ќе ја поставите главата на давеникот пониско од вашето торзо и ќе притискате на градите.
Проверете го рефлексот на гадење во устата доколку има уште некоја рекација на јазикот значи дека треба да се изваду уште вода од белите дробови. Во спротивно проверете за присуство на пулс во каротидната артерија и веднаш продолжете со вештачко дишење и компресии на градниот кош.
Ако бојата на кожата е бледа, тоа значи дека во белите дробови нема вода и веднаш можете да започнете со реанимациски активности.
6. Ако е потребно започнете да пружате помош додека сте во водата
Доколку крајбрежјето е далеку и лицето не покажува знаци на живот, започнете со реанимација на вода. Можете да ја извадите водата од белите дробови така што ќе ја кренете личноста за рамениците со главата нагоре. Проверете го присуството на пулс во каротидната артерија и, доколку е потребно, продолжете со вештачко дишење, уста-на-уста.
7. Повикајте лекар
Ако животот на жртвата не е во опасност, завиткајте ја во ќебе и повикајте лекар. Бидете внимателни: состојбата на вашиот „пациент“ може да се влоши.
Важно: Многу луѓе се дават во бид да спасат други луѓе, затоа доколку во околината нема професионални спасувачи најдобро е за спасувањето да одат по 2-3 лица.
Бонус: гледајте го ова видео и обидете се да утврдите за 15 секунди кој од пливачите во базенот има потреба од помош