Криминалните ТВ серии знаат да нѐ направат зависни од истражувањето и решавањето на нерешени мистериозни злосторства. Во секоја ТВ серија каок CSI и Закон и ред, злосторникот се наоѓа и правдата е задоволена.

За жал, тоа не секогаш се случува во реалниот свет. Всушност, многу често се случуваат нешта кои полицијата и законот не можат да ги објаснат. Така сѐ до денес се останати нерешени мистерии како примерите во следната листа.

Уранг Медан

mis01

Во јуни 1947 брод кој патувал низ Малачкиот Проток почнал да испраќа вознемирувачки пораки до неколкуте брода во околината. Пораката велела: „Сите офицери, вклучувајќи го и капетанот, се мртви. Веројатно и целиот екипаж е мртов.“ Потоа, по извесна пауза пристигнала и последната порака: „Јас умирам“.

mis02

Американскиот брод „Силвер Стар“ ја примил пораката и тргнал на помош. Кога се качиле на палубата, виделе дека сите од екипажот на Уранг се мртви, секој со замрзнат израз на страв на нивното лице. Рацете им биле испружени како да посегнувале по нешто. Го врзале бродот со намера да го довлечкаат до пристаништето, но потпалубата на Уранг се запалила и морнарите од Силвер Стар ги пресекле јажињата точно навреме пред да загинат и тие во ужасната екплозија која следувала. До денес не е познато што се случило со Уранг Медан, или ако знаат, не ни кажуваат.

Каролин Валтер

mis03

Во 1867 г. Каролин Валтер од Фрајбург, Германија починала на нежни 16 години. Нејзината сестра најмила скулптор на нејзиниот гроб да постави нејзина скулптура во природна големина. Изминатите 148 години некој остава ист вид букет под раката на скулптурата.

Децата Содер

mis04

На Бадник 1945, пожар во нивниот дом го разбудил семејството Содер. Џорџ и Џени Содер успеале да избегаат заедно со четири од нивните деца, но петмина останале во куќата и изгореле. Потоа не биле најдени нивните тела во урнатитните, што е неверојатно, бидејќи куќата изгорела премногу брзо за телата на децата да бидат целосно кремирани.

mis05

20 години подоцна, на нивната адреса пристигнала фотографија без повратна адреса. Фотографијата била на Луис, едно од децата кои погинале во пожарот. На позадината од сликата пишувало „Луис Содер. Го сакам брат ми Френки и малите момчиња. A90132 или 35“. Содерови покренале истрага, но без резултат. Умреле без да дознаат што навистина се случило со нивните деца.

Хинтеркаифек

mis06

Во едно мало баварско село близу Минхен, 63-годишниот Андреас Грубер, неговота сопруга Сесилија, ќерката-вдовица Викторија Габриел, нејзините две деца Сесилија и Јозеф, како и слугинката Марија Баумгартнер, сите биле мистериозно убиени. Тоа се случило во 1922г. и убиецот никогаш не бил откриен.

mis07

Пред убиствата, семејството забележало некои „чудни појави“ во текот на таа ноќ. На снегот се појавиле чудни стапки, а од поткровјето се слушале застрашувачки звуци. Исчезнал и комплет клучови од куќата. До следното утро сите биле убиени. Единствениот траг кон убиецот бил копачот со кој биле убиени жртвите, како и огништето кое го топлело целата ноќ. Според полицијата, пред да си замине дури ги нахранил и животните во домаќинството.

YOGTZE

mis08

Пред да умре во 1984г., Гунтер Штол постојано ѝ велел на неговата жена дека „тие“ го следат. Таа никогаш не му поверувала ниту пак ја интересирало кои се „тие“. Ноќта кога умрел, било со неговата жена кога наеднаш извикал „Jetzt geht mir ein Licht auf!” (Сега сфатив!) и на столот напишал YOGTZE. Се качил во неговата кола и заминал.

mis09

Околу 3ч. наутро, неговото тело било најдено во неговиот Волксваген во еден ендек веднаш до патот. Бил целосно гол. Уште почудно, аутопсијата открила дека повредата се случила пред сообраќајната несреќа, и бил прегазен од друга кола на некое друго место, а телото подоцна било наместено во положбата во која било најдено. Многу прашања во врска со овој случај останале неодговорени.

Бенедето Супино, човечкиот факел

mis10

Во 1982г. младиот Бенедето Супино читал стрип кога одеднаш избувнал во пламен. Како и неговите херои, се чинело дека и тој имал натприродна моќ. Но за разлика од неговите херои, тој не можел да ја контролира. Чаршафите ќе се запалеле додека спиел, а електронските уреди престанувале да работат во негово присуство. Научниците не можеле да откријат зошто му се случувало ова.

Инцидентот кај преминот Дјатлов

mis11

Во 1959г. девет искусни планинари решиле да се искачат по падините на Урал во Русија. Нивните тела биле најдени оставени на мистериозен начин кој до денес ги остава вчудоневидени истражувачите. Нивниот шатор бил скинат одвнатре и босоноги стапки во снегот воделе ко шумата, кадешто две од телата биле најдени облечени само во нивната долна облека.

mis12

Истражувачите нашле уште пет трупови во снегот помеѓу кампот и местото кадешто биле најдени другите две тела. Два месеци подоцна биле најдени и последните четири тела во длабока провалија на 75 метри оддалеченост, облечени во облеката на другите тела.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено