Времето лета, но фотографиите остануваат засекогаш. Ова се приказните кои што се кријат зад познатите фотографии.

Портретот на Алберт Ајнштајн

Таа вечер, задоволен Ајнштајн влегол во автомобилот по неговата 72-та роденденска забава. Фотографот Артур Сасе порала да го фотографира, а Ајнштајн се свртел и му го покажал јазикот. Оригиналната слика е поголема, каде што се опфатени и придружниците на Ајнштајн во автомобилот и е отсечен само портретот.

Ручек на врвот на облакодер

Оваа неверојатна фотографија ги прикажува единаесетте градители опуштени за време на нивниот ручек со огромна висина. И покрај тоа што овие луѓе беа вистински работници, снимањето било наместено. Сликата била создадена за промовирање на Центарот Рокфелер, каде што била фотографирана.

Битлси -насловната слика на „Аби Роуд“ албумот

За да се направи оваа фотографија бил затворен патот, но случајно еден американски турист разговарал со полицаецот во автомобилот, тој се зачудил кога ги забележал момците како одат напред-назад по пешачкиот премин. Една година подоцна, тој се нашол на насловната страница на албумот на легендарната група.

В-Ј Ден на Тајмс Сквер

Девојката на фотографијата, Едит Шаин, изјавила дека таа работела како медицинска сестра и побрзала на Тајмс Сквер, каде што луѓето го славеле завршувањето на Втората светска војна и капитулацијата на Јапонија. Кога излегла од метрото еден морнар ја зграпчил и ја бакнал. Фотографот Алфред Ајзенштадт кој ја фотографирал толпата успеал да ја „фати“ двојката во фотографија.

Авганистанка

Во 1984 година, фотографот Стив МекКјури патувал околу Авганистан, собирајќи материјал за војната. Во еден од бегалските кампови, 12-годишно девојче му го привлекло вниманието. Нејзиното село било нападнато, а неколку членови од семејството биле убиени. Стив го фотографирал девојчето, а дури кога се вратил дома сфатил колку моќна фотографија направил. Во 2002 година, девојчето од фотографијата било пронајдено: Нејзиното име е Шарбат Гула, таа е омажена и сè уште живее во Авганистан.

Дали Атомикус

Оваа фотографија, која сега може лесно да се направи во Photoshop за половина час, била правена 6 часа во далечната 1948 година. Фотографот Филип Халсман бил добар пријател на Салвадор Дали и со задоволство ја поддржал креативната идеја на неговиот пријател. Предметите виселе од таванот на конец, а асистент го држел столчето, додека Дали и мачките скокале, дури 28 пати.

„Летечкиот фустан“ на Мерилин Монро

Пред да се направи ова фотографија имало повеќе обиди, поради тоа што љубоморниот сопруг на актерката бил ужасно лут што неговата сопруга го покажува телото.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено