Сите сме запознаени со IQ тестови кои го рангираат нивото на интелигенција откако ќе одговорите на 40 стандардизирани прашања. Но, постојат повеќе начини за да дознаете што може да направи вашиот внатрешен гениј. Откријте го детективот во себе со овие 7 забавни и мистериозни загатки.

1. Бегство од затворот

Иван е сместен во ќелија со земјен под и само еден прозорец позициониран толку високо, што никој не може да го достигне. Ќелијата е празна, но има една лопата. Внатре е топло и суво а Иван нема да добие храна и вода, мора да избега за 2 дена инаку ќе умре. Копањето тунел не е опција бидејќи ќе потрае повеќе од 2 дена. Како да избега Иван од ќелијата?

2. Украден ѓердан

Г-ѓа Јана отишла во полиција за да пријави дека нејзиниот скапоцен ѓердан е украден. Кога пристигнала полицијата не забележала траги од провала, имало само еден скршен прозорец, хаос и многу валкани стапки по катот. Следниот ден Јана била уапсена за измама. Зошто?

3. Убиство во училиште

На првиот училишен ден бил убиен професорот по географија. Полицијата имала четворица осомничени: градинарот, наставникот по математика, тренерот и директорот на училиштето. Сите тие имале алиби:

Градинарот сечел грмушки
Наставникот по математика одржувал годишен тест
Тренерот играл кошарка
Директорот бил во неговата канцеларија.

Убиецот бил веднаш уапсен. Кој го убил професорот по географија и како полицијата го открила тоа?

4. Осамен старец

Еден осамен старец живеел во неговата куќа во предградие на еден град. тој никогаш не ја напуштал куќата на подолг период. Еден летен петок поштарот дошол до куќата на старецот и го повикал, но никој не му одговорил. Поштарот се загрижил и погледнал низ прозорецот и го видел старецот во локва крв. Кога полицијата пристигнала пронашла весник за вторник, 2 флаши топло млеко и 1 флаша ладно. Следниот ден убиецот бил уапсен. Како полицијата открила кој е толку брзо?

5. 2 таблети

Сериски убиец ги киднапирал луѓето и ги терал да земаат 1 од 2 апчиња: едно е безопасно, а другото отровно. Кое и да го одбере жртвата, серискиот убиец го земал второто. Жртвите го пиеле апчето со вода и умирале. Убиецот преживувал. Како убиецот секогаш ја добивал безопасната таблета?

6. Замрзнат прозорец

Еден зимски ден Јован го пронашол неговиот пријател мртов. Јован се јавил во полиција и им кажал дека поминувал покрај куќата на неговиот пријател Петар и решил да го посети. Тропал на вратата и ѕвонел на ѕвончето, но никој не му одговарал. Тогаш забележал светло низ замрзнатиот прозорец. Тој ухнал во замрзнатиот прозорец и го видел Петар како лежи на подот. Полицијата го уапсила Јован како главен осомничен. Зошто?

7. Хемиски супстанции

Еден познат хемичар бил убиен во својата лабораторија. Немало докази, освен парче хартија со имиња на хемиски супстанции на него. На денот кога бил убиен, хемичарот имал само 3 посетители: неговата сопруга, Марија, неговиот внук Николас и неговиот пријател Кирил. Полицијата веднаш го уапси убиецот. Како знаеле кој е?

Одговори

1.

Иван треба на направи куп од земја со лопатат под прозорецот да се качи на купот и да избега.

2.

Полицијата била сигурна дека Јана лаже затоа што прозорецот бил скршен од внатре. доколку би бил скршен од надвор би имало парчиња стакло во собата.

3.

Убиецот бил професорот по математика. Затоа што тој кажал дека одржувал годишен тест а убиството се случило на првиот училишен ден.

4.

Очигледно е дека бил поштарот затоа што знаел дека нема кој да го чита весникот и затоа не донел нов за среда и четврток.

5.

И двете таблети биле безопасни, отровот бил на чашата со вода од која пиела жртвата.

6.

Јован не би можел да го одмрзне стаклото затоа што најчесто е замрзнато одвнатре.

7.

На парчето хартија имало трага. Ако се комбинираат кратенките од хемиските супстанции на хартијата, ќе се добие името: Ni-C-O-La-S.

Сподели на Facebook
пати видено