Може да се каже дека теориите на заговор се едни од најомилените теми за раговор на љубителите на мистерии и неоткриени тајни. Но, понекогаш некои теории излегуваат типична потврда на старата народна поговорка „каде што има чад, има и оган“. Еве седум такви примери.
Експериментот со сифилис во Таксиги
Овој американски експеримент бил изведуван од 1932-1972 година и во него биле вклучени речиси 400 афроамериканци кои намерно биле заразени со сифилис без нивно знаење и согласност. На луѓето им било кажано дека имаат „лоша крв“ наместо да бидат информирани дека имаат сексуално пренослива болест и да бидат лекувани. Целта на проучувањето била да се види дали сексуално преносливите болести ги погодуваат црните луѓе различно од белите и до крајот на овој експеримент преживеале само седумдесет и четворица од првичната бројка на „учесниците“.
Проектот МК Ултра
Во оваа програма агентите на ЦИА им давале на своите субјекти дрога како еден вид контрола на свеста, без тие воопшто да бидат свесни за тоа. Покрај тоа употребувале и шок терапии, хипноза, техники за потсвесно убедување и изолација. За оваа програма се пишува во книгата „Човекот кој зјапаше во козите“, која подоцна беше преточена во филм со Џорџ Клуни во главна улога.
Операцијата „Спојувалка“
Ова било таен план по Втората светска војна да се доведат нацистички научници во Америка за да работат за ЦИА. Доказ за овој план бил објавен од новинарката Ани Џакобсен во нејзината книга „Операцијата Спојувалка: програмата на тајните служби која доведе нацистички научници во Америка“. Овие научници помогнале во развојот на хемиско оружје за САД и работеле заедно со американските научници при развојот на дрогата LSD.
Сведочењето на Наира
Во 1990 година петнаесетгодишното девојче познато под името „Наира“ дало изјава пред американскиот конгрес, што помогна во добивањето поддршка од американската и светската јавност за првата Заливска војна. Ирачанката изјавила дека ирачките војници ваделе бебиња од инкубатори во болниците и ги оставале да умрат, но потоа тоа било демантирано по извршената истрага од Амнести Интернејшенел. По војната Њујорк Тајмс извести дека „Наира“ всушност била ќерка на кувајтскиот амбасадор и дека нејзиното сведочење било подготвено и осмислено од Пи Ар фирмата Хил енд Нолтон.
Хилсборо
На 15 април 1989 година 96 фанови на Ливерпул биле згмечени до смрт, а стотици други биле повредени при обидот да го гледаат полуфиналето на Купот на Фудбалската Асоцијација во шефилдскиот стадион Хилсборо.
Во 2011 година пензиониран судија тврдел дека семејствата на загинатите треба да престанат со нивните „теории на заговор“ во врска со тоа што се случило за време на несреќата. До 2012 година истрагата покажала дека полицијата направила „сериозни напори“ да ја фрли вината за трагедијата врз 96-те луѓе кои настрадале во несреќата. Истрагата трае и денес, при што постојано излегуваат нови детали за лагите на властите.
Прохибицијата
Американските власти имале свој удел во затруениот алкохол за време на Прохибицијата кога била забранета употребата на алкохол. Наводно ова било сторено во обид да се поткрепи забраната. Како последица на ова умреле околу 700 луѓе.
Операцијата Нортвудс
Со ова име бил наречен план на американската влада да изведат серија лажирани терористички напади во САД за кои потоа вината ќе биде префрлена врз Куба, со цел да се добие поддршка за војна со латиноамериканската комунистичка земја. Според планот, требало да се урнат воени авиони маскирани како цивилни патнички авиони и да се предизвикаат сериозни цивилни загуби кои би требало да ја оправдаат воената интервенција. Планот бил одбиен од страна на американскиот претседател Кенеди.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.